4 здравствени сугестии што секој лекар би сакал да ги знаете

4 здравствени сугестии што секој лекар би сакал да ги знаете
ГАСТРОЕНТЕРОЛОГ – Не срамете се, нетолеранцијата кон храната е реална

Многумина измислуваат дека не поднесуваат одреден тип на храна колку да најдат оправдување за диета, но при реални алергии – оние што предизвикуваат жестоки, ненадејни реакции како анафилаксичен шок – телото ја доживува храната како натрапник и имунитетот преминува во петта брзина. Моменталните медицински мислења сугерираат дека имуниот систем е инволвиран и при нетолерантност на храна што предизвикува потекување, тврда столица, гасови, дијареја, но истата сѐ уште не може да се испита преку крв. Неопходно е да појдете кај специјалист гастроенеролог за да утврди која храна го вознемирува вашето тело. Или обидете се така што ќе ги елиминирате намирниците што тешко се варат како млечни производи, житните и пченичните производи, нерастворливи влакна, сорбитол и ксилотил (замена за бел шеќер) во период од 2 до 4 недели и забележете дали симптомите ќе исчезнат. Ако се истрајни, голема е веројатноста да имате синдром на раздразливи црева (IBS), како и да е, појдете на лекар.

ФИЗИОТЕРАПЕВТ – Вежбајте го задникот и ќе ја елиминирате болката во грбот

Болката во долниот дел од грбот е број еден проблем на зафатените, млади луѓе кои цел ден се заробени пред компјутер. Дел од болката се должи и на слабите, неактивни мускули на задникот. Мускулите на задникот го условуваат секое наше движење – стоење, одење, наведнување, поткачување, во спротивно, долниот дел од грбот се активира за да компензира. Само со вежби, ќе успеете да ги вратите мускулите на задникот во форма.

ЕКСПЕРТ ЗА СЕКСУАЛНО ЗДРАВЈЕ – Кламидијата и ХПВ се почести и од настинка

Кламидијата е најчесто дијагностицираната сексуално пренослива болест и доколку не ја третирате, истата може да доведе до неплодност. Неверојатно лесно е да закачите кламидија, секој тип на незаштитен секс е ризичен. Симптомите вклучуваат промени во исцедокот (друга боја и мирис), болка при мокрење или при сексуален чин, болка во карлицата и крвавење помеѓу циклусите или после сексуална активност. Но, неверојатни 75% од жените со кламидија немаат никакви симптоми, затоа редовниот гинеколошки преглед е пресуден. Третманот подразбира антибиотици и воздржување од сексуални активности барем една недела. При тоа, неопходно е и двајцата партнери да се лекуваат.

ОФТАЛМОЛОГ – Следете го 20:20:20 правилото

За да го олесните напорот врз сетилото за вид, следете го следното правило: после 20 минути интензивно гледање во компјутер, одморајте 20 секунди, гледајќи 20 чекори во далечина. Ако тоа не е доволно, освежувајте ги очите со вештачки солзи. Компјутерот неможе да го оштети видот, но предизвикува сувост кај очите и црвенило. Ставете заштитна фолија на мониторот за да го намалите зрачењето на сината светлина или носете заштитни очила. Очите треба да се испитуваат на секои две години, бидејќи некои проблеми се појавуваат само на возраст од 25 до 30 години. Промените кај очите честопати се показател и за посериозни заболувања како висок крвен притисок, дијабетес и висок холестерол.