Кафето е една од најраспростанетите, а можеби и најпопуларна напивка со која секој ден милиони луѓе ширум светот го започнуваат својот ден. Општо прифатена како кај поединците, така и во друштвениот и социјалниот живот, со докажано благотворно влијание на расположението и на работната способност.
Кафето има многу долга историја во медицината, нутриционизмот, но и во домашното воспитување, со оглед на анегдотската реченица која веројатно секој родител ја упатил кон своето дете „Ако пиеш кафе, ќе ти порасне опашка!“ Некои верувања во врска со кафето и не се баш со анегдотска содржина, како на пример поврзаноста на кафето со болестите на срцето или малигните заболувања. Меѓутоа, потврдуваат дека кафето има и свои позитивни ефекти врз нашето здравје. Оттука следи прашањето: „Која е вистината во врска со кафето?“ Можеби најдобриот одговор лежи во тоа дека кафето кај голем дел од луѓето дава позитивен ефект.
Кофеинот – виновникот за сѐ!
Најважната активна состојка во зрно на кафето е кофеинот – супстанца која ја стимулира работата на централниот нервен систем, ја стимулира работата на срцето, го опушта тонусот на бронхијалните мускули и разнолико делува на крвните садови и крвниот притисок. Во зависност од видот на кафето, една шолја кафе содржи околу 100-150 мг кофеин кој делува како благ психостимуланс, а во големи количини може да има и токсичен ефект. Сепак, во умерени количини, делува стимулативно, поради што со задоволство го користиме како неизбежен ритуал за расонување во раните утрински часови. Студентите и луѓето кои работат и во текот на ноќта, го консумираат и во вечените часови, со оглед на тоа дека кафето ги зголемува будноста, концентрацијата и вниманието. Утрврдено е дека овие ефекти не настануваат само поради дејството на кофеинот, туку и од дејството на хормоните на надбубрежната жлезда (кортизол и адреналин) чие лачење го стимулира самото кафе.
Доколку пиете кафе, важно е, не само колку е јако кафето, туку и на кој начин е приготвено. Би требало да знаете дека секој додаток во кафето, како што се млеко, шеќер, шлаг и вештачките ароми, значително го зголемуваат внесот на калории и масти во организмот.
Во зрното кафе, освен кофеин, се наоѓаат и масла кои значајно можат да го зголемат холестеролот во крвта. Филтер кафето во тој поглед е побезбедно од кафето припремено на традицинонален домашен начин, па поради тоа не се препорачува консумирање на големи количини нефилтрирано кафе кај луѓе со зголемени вредности на холестерол во крвта. Кофеинот во медицината се користи исклучиво за стимулација на централниот нервен систем.
Новите истражувања покажуваат дека кафето може да има и благотворен ефект врз човековото здравје, пред сѐ поради високата концентрација на антиоксиданси.
Во 2006 година, објавена е студија според која кај кофеиноманите со 3-5 шолји кафе на ден, значително e намален ризикот од појава на болести како што се Паркинсонова и Алцхајмерова болест. Освен тоа, кафето го намалува и ризикот од појава на деменција и значително ги подобрува когнитивните функции, пред сѐ вербална, визуелна и просторната меморија. Овој протективен ефект врз фунцијата на нервните ткива е видлив кај припадниците на повозрасната популација, особено кај луѓе постари од 80 години. Кафето до некаде може да го намали ризиокот од појава на цироза на црниот дроб и хепатоцелуларниот карцином, примарен малиген тумор на црниот дроб кој често настанува како последица на цироза на црниот дроб.
Познато е и дека кофеинот е честа супстанца кај голем број познати аналгетици, а луѓето со мигренозни болки добро знаат дека при недостаток на лек, тегобите понекогаш се ублажуваат дури и во потполност со шолја црно кафе.
Заштитното дејство на кафето се споменува и кај шеќерната болест (дијабетес тип 2), карцином на дојки, па дури и кај забниот кариес.
Често прашање во клиничката пракса е влијанието на кофеинот врз работата на срцето. Кофеинот е стимулативно средство и допринесува за забрзана работа на срцето и можни срцеви прескокнувања, таканаречени аритмии. Ова често се случува кај луѓе кои имаат некое срцево заболување и при тоа внесуваат големи количини на кофеин.
Во Хрватска, во 2006 година, објавена е студија која е правена на повеќе од 128.000 испитаници, со која се покажало дека кафето не го зголемува ризикот од појава на коронарни болести. Но, луѓе со полиморфен ген CYP1A2имаат побавен метаболизам на кофениот и како последица на тоа, ризикот за појава на срцев инфаркт е поголем за 30 %. Тоа значи дека брзината на Вашиот метаболизам со кој се разградува кофеинот е одговорна за евентуален ризик од кафето. Овој заклучок е помалку применлив кај жените кај кои 3-4 шолји кафе не само што го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, туку и ризикот од некои типови на карциноми.
Кафето го зголемува систолниот и дијастолниот крвен притисок, особено кај луѓе со документирана хипертензија. Зголемувањето на крвнот притсок е регистрирано и кај луѓе кои редовно пијат кафе во големи количини, како и кај постари лица кои послабо реагираат на провокативните фактори.
Препорака за љубителите :
4-7 шолји кафе дневно, со сигурност доведуваат до болест на завсност од кофеин кој се манифестира со раздразливост, несоница и зголемена иритабилност. Поради тоа, љубителите на кафе, но не и на кофеин, користат безкофеинско кафе или швајцарски рецепт на приготвување на кафе според кој меленото зрно кафе се испира со водена пареа под притисок и на тој начин се одржува вкусот, а се смалува концентрацијата на кофениот. Конечниот заклучок е дека кафето во мали количини не може да биде опасно по нашето здравје, без разлика на „должината на опашката“со која сѐ уште некој ни се заканува.