СУВО ОКО

СУВО ОКО
Замор, печење, чувство на песок во очите. Дали можеби имате суво око и како да си помогнете?

Компјутер, куп документи, мо­ билен телефон и клима – „добитна комбинација“ за суво око. Работа пред компјутер, еден куп докумен­ти на биро, пуштен клима­уред над главата, на паузата проверувате што се случува на Фејсбук или на Инстаграм, тргнувате кон дома, си пуштате повторно клима во авто­мобилот, а автобусите воопшто да не ги споменуваме. Сигурно ви звучи како еден нормален работен ден. А, дали сте се запрашале како овој „нормален“ работен ден (кој се повторува со години) влијае на вашите очи?

ШТО ВО СУШТИНА Е СУВО ОКО?
Според дефиницијата од Национ­алниот институт за суво око, син­ дром на суво око претставува квантитативно или квалитативно нарушување на солзниот филм, кое резултира со нарушување на очната површина.
Обично, кога ќе споменеме суво око, веднаш помислуваме на не­ достаток на солзи т.е. квантита­ тивно нарушување на солзниот филм, меѓутоа нарушувањето што многу почесто се јавува е, во суштина, квалитативно и е повр­ зано со зголемено испарување на солзите, односно евапорација.