Што во слободно време? – ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ „Dolittle“

Што во слободно време? – ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ „Dolittle“

Пуканки и целото семејство собрано на куппред ТВ е секогаш добра идеја, особено во зима. Токму затоа, ви го препорачуваме овој фамилијарен авантуристички филм за легендарниот д-р Џон Дулитл. Откако ќе стане вдовец, познатиот доктор ќе му се скрие на светот и единствено ќе комуницира со своите егзотични животни. Но, откако младата кралица Викторија ќе се разболи, тој заедно со своите крзнени пријатели ќе замине на митскиот остров во потрага по лек. Во 2020, привилегијата да го толкува ликот на ексцентричниот доктор му припадна на шармантниот Роберт Дауни Џуниор.