Растат во Амазонските прашуми, во Бразил ги нарекуваат „суперхрана“, а денес се консумираат во цел свет. Имаат уникатен нутритивен профил како за овошје, бидејќи содржат повеќе здрави масти отколку шеќер. Во 100 г бобинки има 5 г масти, а само 2 г шеќер. Богати се со витамин А, Ц, Б1 и Б2, Е и минерали како хром, цинк, железо, бакар, манган, магнезиум, калиум, калциум и фосфор. Нивната темно виолетова боја се должи на антоцијаните кои делуваат како антиоксиданти во организмот. Овие бобинки содржат три пати поголема количина антиоксиданти од боровинките. Антиоксидантите се борат со слободните радикали спречувајќи низа болести како дијабетес, рак и срцеви заболувања. Низа студии изведени на животни покажале дека имаат моќ да го намалат нивото на холестерол во крвта. Истражувачите веруваат дека истиот ефект ќе го имаат и врз човекот. Во Амазон, акаи бери служи како природен афродизијак, и медицинските студии потврдија дека ја поттикнува продукцијата на естроген и тестостерон. Акаи бери редовно се користи во козметичката индустрија бидејќи одлично делува на кожата и косата.