Парадоксот околу сончањето

Парадоксот околу сончањето
Постојат истражувања кои велат дека изложувањето на сонце го продолжува животот, а сонцето е водечка причина за рак на кожа. Што сега?

 

Сонцето е водечка причина за рак на кожа, вклучувајќи ја и најсмртоносната варијанта, меланомот. Експертите велат дека и безбедното сончање не е доволно за да го намалите ризикот од меланом; неопходно е да не се сончате воопшто. Денешното сонце е штетно колку и цигарите, па дури и алкохолот. Но, додека од цигарите човекот нема никаква корист, од сонцето има! Проучувајќи ги неговите здравствени ефекти врз повеќе од 30.000 жени подолго од 20 години, институтот Каролинска од Шведска заклучил дека оние што се изложуваат на сонце живеат подолго. И покрај тоа што е водечка причина за меланом, обожавателите на сонцето имаат помал ризик од срцеви и други фатални болести, а своите конкуренти ги надживеале 2 години. Дури и непушачите кои го избегнувале сонцето имале ист животен век со пушачите кои редовно се изложувале на сонце. Дали ова значи дека избегнувањето на сонцето е штетно колку пушењето цигари? ДА! И не само тоа, оние кои повеќе се изложувале на сонце имале поголеми шанси да преживеат од рак на кожа за разлика од оние кои не поминувале многу време на сонце. Сонцето не е проблемот, туку начинот на кој го користиме и злоупотребуваме.

ФАКТОР Д

Витаминот Д телото сам го произведува. Тој  ги одржува коските здрави, есенцијален е за апсорпција на калциум, а преку тоа штити од остеопороза. Но, поновите студии покажуваат дека спречува и низа други болести. Доволните дози витамин Д го намалуваат ризикот од неколку типови рак – на дојки, дебело црево и јајчници. Истражувањето спроведено од медицинското училиште Сан Диего откри дека жените со рак на дојка, имаат поголеми шанси да преживеат доколку имаат доволно витамин Д во организмот. Научниците сѐ уште не можат целосно да разберат зошто е тоа така, но веруваат дека кога витаминотќе се врзе со витамин Д рецепторите во градното ткиво, може да предизвика онкогените (гените поврзани со рак) да умрат или да престанат да растат.

Витаминот Д ја подобрува плодноста: прелиминарните студии покажуваат дека витаминот Д поттикнува хормонски баланс и го подобрува исходот од ин витро благодарение на малите рецептори кои неодамна беа откриени во јајчниците и плацентата.

Во нашата земја, со витамин Д се снабдуваме по природен пат во лето, а резервите ги складираме во масното ткиво за во зимските месеци кога сонцето е послабо. Но, ако го избегнувате сонцето во лето, нивото на витамин Д може да е сериозно загрозен. Одредени типови храна како јајца и скуша се извори на витамин Д, но содржат многу мала количина. Друга опција се суплементите кои делуваат добро, но дали доволно добро е прашањето кое научниците сѐ уште се обидуваат да го одговорат.

ДОБРО, СОНЦЕ

Но, сонцето не е добро само поради витаминот Д. Скорешната студија на Универзитетот Единбург откри дека изложувањето на УВ зраци го намалува крвниот притисок. Волонтерите кои учествувале во студијата, седеле под ламба за сончање околу 20 минути, но кај една група УВ зраците биле блокирани, па тие ја чувствувале само топлината од ламбата. Оние кои биле изложени и на УВ зраци имале намален крвен притисок цел еден час по изложувањето; кај другата група немало никакви промени – ова покажува дека зраците од сонцето се оние кои ја направиле разликата.

Сонцето влијае на нивото на азотен оксид, преместувајќи мали дози од кожата во крвотокот. Азотниот оксид го намалува крвниот притисок така што ги охрабрува крвните садови да се прошират. Само да ве потсетиме, високиот крвен притисок е главна причина за срцев и мозочен удар, а редовното изложување на сонце може да е клучно за да го намалите ризикот. Сосем друга студија покажува дека честото изложување на сонце значително го намалува ризикот и од мозочен удар.

Да не заборавиме да го споменеме ефектот што сонцето го има врз менталното здравје. Сите се позитивни на топол сончев ден. Постои причина за тоа. Имено, сончевата светлина е поврзана со создавањето на невротрансмитерите на серотонинот. Одамна е познато дека сонцето влијае на расположението и дава енергија и плус го управува циклусот на спиење (уште една причина поради која се чувствувате летаргично во зима кога деновите се пократки и потемни), но неодамнешните истражувања од Белгија, покажаа што точно се случува. Научниците открија специјален фоторецептор во окото, кој апсорбира светлина и праќа сигнали до мозокот, а од тоа зависи колку енергично и мотивирано ќе се чувствувате. Времето поминато надвор е тесно поврзано со менталното здравје, со подобрена концентрација и помалку стрес.

Изненадувачки, но сонцето обезбедува и неколку бенефити за кожата. Она што е познато е дека УВБ, еден тип од УВ зраците ја олеснува псоријазата. Псоријазата е предизвикана од вишок воспалителни клетки на имунитетот, а истражувачите од Универзитетот Осло откри дека изложувањето на сонце може да го намали нивото на тие воспалителни клетки. Истражувањата велат дека сонцето ги убива бактериите кои предизвикуваат акни и дамки. Имајте на ум дека истражувања се изведени во строго контролирани услови каде не постои никаков ризик од изгореници. Во природа, сонцето е повеќе ризик за кожата отколку бенефит. Но, ако таму успеете да создадете правилно сончање, тогаш ќе имате корист.

НА СВЕТЛАТА СТРАНА

Дали ова значи дека можеме да го спакуваме куферот и да заминеме на некое топло местенце покрај вода? Не толку брзо! Ова е најголемата грешка што ја правиме – ја изложуваме нашата неподготвена и гладна кожа на преголема порција УВ зраци. Ако емисиите под сонцето биле куси, 10-дневниот одмор носи голем ризик од меланом, особено ако и генетиката не е на ваша страна. Ризикот  од рак е поголем доколку изгорите, а изгорениците кои се случиле во младоста го покачуваат ризикот од меланом за 80 %. Иако ризикот се зголемува со годините, меланомот е вториот најчест тип на рак помеѓу луѓето на возраст од 15 до 34 години.

Значи, неопходно е да ја подготвите кожата преку стратешко изложување на сонце пред да појдете на одмор. На пример, луѓето кои работат на отворено и редовно се изложени на сонце, речиси и да немаат шанси да заболат од меланом бидејќи се фототолернтни.

Затоа, кога сонцето е најинтензивно, излезете надвор и поседете 20 минути без СПФ фактор. Ако ве плаши фотостареењето, ставете капа за да го заштитите лицето и вратот и изложете ги рацете и нозете. Многу е важно да заклучите како вашата кожа реагира на сонцето за соодветно да го адаптирате изложувањето без СПФ. За црвенокосите со светол тен, доволни се само 10 минути, потемните можат и подолго без СПФ. Пресудете сами!

Никогаш, апсолутно никогаш не дозволувајте кожата да ви изгори, тоа е знак дека веќе штетата е направена. Остатокот од времето и кога сте на одмор, штитете се со капа и облека, СПФ 20 и СПФ 30 или 50 во лето и обрнете внимание млекото за сончање да штити и од УВА зраци – оние кои поттикнуваат стареење. Тенот секако ќе ви потемни, затоа не целете да го постигнете печејќи се. Што значи, заштитете ја кожата од сонцето, но не ставајте ги во сенка бенефитите.