ЗДРАВАТА ХРАНА пат до блескаво телесно и духовно ЗДРАВЈЕ

ЗДРАВАТА ХРАНА пат до блескаво телесно и духовно ЗДРАВЈЕ

Правилната исхрана е основен фактор за правилен раст и развој на човечкиот организам и директно влијае врз неговата виталност, но и на должината на животот

Современата медицина ја утврди и ја потврди вистината дека една од најго- лемите причини за болестите е хра- ната што ја јадеме или онаа што треба, а не ја јадеме.
Сè што внесуваме со храната, нè гради и нè менува и од тоа зависат нашата енергија, здравјето и животот.
Жива или сирова храна не е ништо друго туку консумирање природни прехранбени производи, во голема мера, исто онака како што доаѓаат од природата. Тоа под- разбира храната да не е термички обрабо- тена или да е обработувана краток временски период. Билната храна или жи- вата храна лесно се преработува и вари и е природен извор на енергија и хранливи ма- терии за нашиот организам. Го зголемува имунитетот, го поттикнува природниот про- цес на самоисцелување, го подобрува про- цесот на чистење на телото од наталожени отрови. Таа помага и при регулирање на те- лесната тежина и го регулира метаболиз- мот, обезбедува одлична размена на материите воспоставувајќи ментална и емотивна рамнотежа.
Кога започнуваме сè повеќе да се храниме со свежа природна храна, добиваме повеќе енергија, со што полесно и побрзо стануваме свесни за зголемувањето на нашата виталност. Сировата храна во најголема мера се состои од овошни и зеленчукови плодови, а важно место зе- маат и семињата и јаткастите плодови.
Храната е лек за организмот. Мора да се внимава во кое време се зема, во која коли- чина и со која содржина. Траба да имаме три главни оброци: појадок, ручек, ве- чера и две мали ужини. Исто така, важно е и количеството на оброкот. Не треба да се прејадуваме. Да започнеме постепено да ги менуваме нашите досегашни навики и да останеме витални и да дочекаме длабока старост. Нашето поднебје и природата ни ги подариле сите бои на виножитото, преточени во бои од зеленчук и овошје. Грев би било тој подарок да не го користиме во полза на нашето здравје. Да започ- неме со зеленолисниот зе- ленчук, кој е полн со хлорофил и се смета за елик- сир на животот, младоста и енергијата. Хлорофилот во себе носи големо количество кислород, којшто има ви- тално значење. Помага во превенција на генетските и канцерогените заболувања и кај болестите на црниот дроб. Исто така, ги спречува бакте- риските и вирусните инфек- ции, ја подобрува крвната слика и работата на срцето и позитивно влијае на крвниот притисок. Го зајакнува иму- нитетот на организмот и го забрзува метаболизмот. По- мага во лекувањето на аст- мата и на бронхитисот, им ги ублажува проблемите на дијабетичарите и го забрзува исфрлањето на токсините. За подобро искористување на хранливата вредност на зе- ленчукот најдобра е кратка термичка обработка, затоа што при долгата термичка об- работка доаѓа до губење на хлорофилот. Кога бојата на зготвениот зеленчук ќе се промени од зелена во темно- маслинеста, значи дека дошло до разградување на хлорофилот на помалку ак- тивни и корисни метаболити. За овој процес доволно е само неколку минути варење, затоа што по 20 минути се губат дури две третини од хлоро- филот. Природни извори на хлорофил се спанаќот, броку- лата, кељот, празот, грашокот, блитвата, зелената пиперка и зелената салата.

Јаболко – Кралица на овошјето, најдостапна, неоходна, а често занемарена
Благодарение на состојките што ги содржи, јаболкото е многу здраво овошје. Иако со него не можеме да излечиме болест, со само две јаболка секој ден можеме да спречиме појава на многу здравствени проблеми и заболувања. Јаболкото ги содржи витамините А, Е, Б1, Б2, Б6, Ц; минералите калиум, фосфор, магнезиум и железо; и бетакаротен. Содржи и многу пектин, кој ги впива водата и отровните материи во цре- вата и на тој начин ги тстранува од организмот. Исто така, позитивно влијае на работата на бубрезите, црниот дроб, жолчката. Комбинацијата на витамини и минерали во јаболкото го стомулира имунолош- киот одговор на организмот, па оттука е делотворно во борбата со вирусите, бак- териите и слободните радикали. Освен што го штити организмот од настинки, јаболкото го намалува и ризикот за појава на рак на дебелото црево.

Брокола
Броколата е одличен извор на витамин Ц и диететски влакна. Покрај нив таа содржи витамин А, кал- циум, калиум и селен. Претставува силен антиоксиданс кој има многу значајана улога во имунолош- киот одговор на организмот. Истражувањата покажуваат дека броколата во споредба со другите растенија е најсилна во превенцијата и лечењето на карциномот, благодарејќи на способноста да ги активира антитуморните ензими. За да ги почувствувајте овие бенефити од броколата, обидете се ја да конзумирате 2 пати во недела. Бидете внимателни како ја приготвувате! Преварената брокола сна- тува мека и кашеста, што е идикација дека ги загубила и хранливите состојки и вкусот. За правилно приготвување, надолжно исечете го цветот на броколата на помали парчиња и така оставете го 3-5 минути да отстои пред да го зготвите. Потоа во вода варете ја не повеќе од 5 минути.

 

Зимата не може да се замисли без агрумите, за кои се знае дека влијаат на подобрување на одбранбениот механизам на ор- ганизмот. Лимонот, портокалите, цитроните и мандарините се одличен извор на витамин Ц, но и на флавоноиди кои го забаву- ваат процесот на стареење. Како добра превентива во зим- скиот период лекарите препо- рачуваат во текот на денот да се пие сок од еден лимон и два портокали. Во исхраната никако не смееме да не ги испуштиме и јаткастите плодови: оревите, бадемите, лешниците, кикирит- ките, бразилските и индиските ореви. Се препорачува од нив да се јаде 30 грама дневно.