Потребни состојки:
- 1 изрендана главица кромид;
- 2 лажици брашно;
- 1 литар вода;
- сув вргањ или друг вид печурки по желба;
- морков;
- целер;
- пашканат;
- ловоров лист;
- органо, бибер, сол
Подговотвка:
Ренданиот кромид се пропржува на масло, а потоа се додаваат брашното и водата. Откако ќе зоврие, се додаваат печурките, морковот, пашканатот и целерот, кои се претходно изрендани и зачините по желба. Се сервира со лимонов сок или павлака.