Бременоста е исклучително важен период во животот на же- ната. Тогаш кога во нејзиното тело расте и се развива нов живот, се случу- ваат хормонски промени, кои влијаат врз емотивната, односно психич- ката состојба на жената и секако резултираат со многу промени во ор- ганизмот. Некои од тие промени се случуваат токму во усната празнина.
Дали бебето го црпе калциумот од забите на мајката?
Ако земеме предвид дека дневните потреби од калциум, кои се движат од 1000 до 1200 mg, ги задоволуваме само со консумирање половина литар јогурт дневно, одговорот на ова прашање е НЕ. Покрај млечните производи, за кои сите знаеме дека содржат калциум, во големи количини калциумот е присутен и во житарките, сојата, тофуто, овошјето и зеленчукот, што кажува дека и оние трудници кои не внесуваат производи од животинско потекло ја задоволуваат дневната доза од калциум. Совет: Балансирана исхрана.
Зошто на трудниците често им се расипуваат забите?
Бременоста е период со голем емотивен набој, во кој трудницата е опседната со раѓањето на новиот живот и често станува невнимателна во одржувањето на оралната хигиена. Во овој период се менуваат и прехранбените навики на трудниците. Тие често поткаснуваат дури и во текот на ноќта и потоа, без повторно да ги измијат забите, заспиваат. Исто така, утринската мачнина и честите повраќања придонесуваат за кисела средина во устата, а поради хормонските промени кои се случуваат во бременоста се менува и pH-нивото на плунката. Сите овие фактори создаваат идеални услови за деминерализација на глеќта и создавање на кариес.
Совет: Забите мијте ги најмалку два пати дневно. По ноќните поткаснувања секогаш измијте ги забите. Често консумирајте вода, бидејќи таа ја неутрализира киселоста во устата. Избегнувајте леплива и слатка храна која долго се распаѓа во устата. Користете пасти за заби кои содржат аминфлуориди. Редовни прегледи, санација на постоечките проблеми и флуорирање на забите со флуоридни лајнери кај вашиот стоматолог се повеќе од препорачливи.
Зошто на трудниците им крварат непцата?
Крварење од непцата е прв знак на нивно вос- паление, односно гин- гивитис. Под влијание на зголе меното ниво на хормони, непцата на трудниците отекуваат и се почувствителни на влијанието на бакте- риите кои се наоѓаат во наслагите околу за- бите. Како резултат на тоа непцата се воспа- луваат и крварат. Гингивитисот не е ни- малку наивен и кога тој не се лекува, води кон парадо нтопатија.
Совет:
Високо ниво на орална хигиена. Ко- ристете конец за заби (без восок) еднаш дневно, препорачливо е навечер по миењето на забите. Плакнете ја устата со чај од жал- фија секојдневно. За- бите мијте ги подолго со мека четка, така ја поттикнувате циркула- цијата во непцата и со тоа ја зголемувате нивната одбранбена моќ. Посетете стома- толог и отстранете го забниот камен, од- носно направете ара- донтален третман.
Дали за време на бременоста се дозволени стоматолошки интервенции?
Бременоста е една при- чина повеќе зошто треба да посетите сто- матолог. Стоматолош- ките интервенции не се штетни, напротив, нужни се за општото здравје на трудницата, што ќе обезбеди не- пречен развој на пло- дот. Анестезијата што се користи во стомато- логијата (лидокаин) е локална, се дава во многу мали количини и не ја преминува барие- рата на плацентата, што укажува дека не е штетна. Доко лку на трудницата и е пот- ребна антибиотска заштита, се даваат антибиотици кои исто така не ја преминуваат плацентата и со тоа не му штетат на плодот. Рендгенските зрачења за стоматолошки пот- реби се исклучиво ниски. Сепак, доколку не е нужно, подобро е да се избегнуваат рен- дгенските снимања барем во првиот триместар од бременоста.
Ана Кртолица-Георгиев,
д-р дент. мед.