Остепороза

Остепороза

Остеопорозата е хронична болест на коските, која често се нарекува тивка епидемија на 21 век. Таа е болест која се манифестира со намалување на густината на коските, по- ради што тие стануваат по- розни. Се намалува количината на калциумот, кој ја одржува цврстината на коските, со што тие ста- нуваат меки и лесно се кршат. Примарно се работи за прекумерно губење кал- циум од коскеното ткиво. Процесот на стареење и гу- бење на калциумот е воо- бичаен физиолошки процес кој се одвива во текот на животот, но кога губењето на коскеното ткиво станува поголемо од создавањето, доаѓа до остеопороза. Кога организмот е закисе- лен, калциумот се извле- кува од коските и забите за да се неутрализира кисе- лоста. Нема орган ниту клетка во нашето тело кои не можат да бидат оште- тени или потполно униш- тени поради зголемената киселост. Максималната минерализација на коските се постигнува во периодот од дваесеттите до триесет- тите години од животот. По тој период густината на коските полека се нама- лува. Најзагрозени се ‘рбетните пршлени и бутните коски.

Клиничка слика
Знаци кои укажуваат на оваа болест се болки во долниот дел од грбот, губење на висината и подгрбавеност. Некогаш остеопорозата се от- крива многу драма- тично, односно со кршење на пршлен или на колк.

Калциум.
Млекото и млечните производи често се истакнуваат како најдобри извори на овој минерал, иако во природата постојат многу други подобри извори. Како пример може да го земеме сусамот, кој содржи седум пати повеќе калциум од млекото. Исто така, калциумот во поголеми количини го има во смоквите, темнозелениот лиснат зеленчук, бадемите, оревите, леблебијата, кикириките, кељот, броколата, сардините, семето од сончоглед и глуварчето. Суровата храна најмногу помага при остеопороза.

Остеопорозата може да биде примарна (кога се јавува кај же- ните по менопаузата), секундарна (како по- следица при корис- тење на лекови кои предизвикуваат де- минерализација на коските) и сенилна (кај жените и мажите по 70 години).

Превенција
Остеопорозата може да се спречи или барем да се забави со правилни животни навики. Треба да се почне со оптимална физичка актив- ност и со правилна исхрана од раното детство. Вежбањето може да помогне во изградувањето на цврсти коски и да се забави губењето на коскеното ткиво. Со вежбањето не работат само мускулите туку и коските кои почнуваат повторно да се зацвр- стуваат.
Пушењето го зголемува губењето на коскеното ткиво, бидејќи делува на намалување на апсорпцијата на калциумот од цревата.
Исто такво негативно дејство имаат алкохолот и кафето (повеќе од два фил- џани дневно). Затоа, треба да се избегнува пушењето, да се на- мали внесот на алкохол, сол и кофеин. За лекување на остеопо- розата нај ва жна е здравата храна, богата со супстанции кои ја зголемуваат густината и квалитетот на коските, што значително го намалува ризикот од фрактура на кос- ките.
Калциумот е есенцијален градежен елемент за добро здравје на коските. За да биде дејството на калциумот комплетно, потребно е да се внесува витамин Д, кој го стимулира апсорбирањето на калциумот од цревата и така го зголемува неговото иско- ристување. Исто така, на калциумот му пома- гаат магнезиумот, ви- таминот К и лизинот.
Најдобар начин за внесување на овие елементи е преку балансирана и разновидна храна.