ПОДБЕЛ (Tussilago farfara)

ПОДБЕЛ (Tussilago farfara)

Подбелот е лек од античко време, тој е билка која е најмногу распространета во Европа, Азија, Северна Америка и Северна Африка.
Подбелот содржи витамин Ц, провитамин А и јагленохидрати од групата на моносахариди.
Подбелот е пријател на белите дробови.
Ги стимулира, ја зајакнува нивната функција, делува антитусично односно ја смирува кашлицата.
Има докажано антибактериско дејство. Затоа денеска после сè што е откриено за подбелот тој се користи за лекување на хроничен бронхитис, енфизем, воспалени крајници, бронхијална астма, намалува оток, ја намалува болката и го смирува воспалението.
Слузните материи и танините помагаат многу.
Големата концентрација на слузни материи го прави подбелот како добар лек за стомачни заболувања и тоа гастритис, чир на желудникот, чир на дванаесетпалачно црево, воспаление на тенкото црево и колитис на дебелото црево.
Слузните материи ги обложуваат заболените и воспалени места и овозможуваат нивно излекување.
При заболување на усната шуплина како што се гингивити, стоматити, парадонтоза, лековите од подбел помагаат затоа што танините стегаат, смалуваат крварење а слузите го обложуваат воспаленото место.
Локално лекови од подбел се користат за лекување на рани, чиреви, опекотини и тоа во форма на облози или за испирање или обложување само со столчени листови.
Влегува во составот на медицински чаеви за градни и стомачни заболувања.
Чајот се припрема како инфуз односно една супена лажица суви цветови и листови се ставаат на чаша врела вода, кисне еден час, промешувајќи неколку пати и се пие 4 пати дневно по една чаша и тоа во мали голтки а почесто за лекување на сува кашлица. За облози може да направите лек кога пресни листови ќе ги сварите со млеко и ги обложувате раните на телото кои пукаат. Интересно е што на овој начин можат да бидат третирани и воспалени вени.
Претпазливост – Бремените жени не треба да го користат долго.