Како што сè друго се буди во пролетта, за жал се будат и инсектите, како и вошките кои ја напаѓаат косата на децата. За да ги заштитите децата од овие несакани потстанари, можете сами да подготвите билни препарати кои подеднакво ефикасно како и хемиските ќе се справат со вошките.
Лосион против вошки
Вошките најефикасно се отстрануваат доколку се уништат нивните јајца, кои се залепени на косата. Тоа може да се постигне со рузмарин и лаванда, додека пак јаболковиот оцет ги испира од влакната. Лосионот треба да се употреби веднаш по употребата на шампонот. Подготовка: 6 капки етерично масло од рузмарин 6 капки етерично масло од лаванда 50 ml јаболков оцет 50 ml топла вода Употреба: Етеричните масла од рузмарин и лаванда се мешаат со јаболковиот оцет и топлата вода. Со лосионот се испираат косата и кожата на главата, по што се става капа за капење и се остава да отстои 15 минути. По третманот исчешлајте ја косата, па добро измијте ја со топла вода.
Масло против вошки
Етеричните масла од рузмарин (Rosmarinus Offcinalis) и лаванда (Lavandula Officinalis) ги уништуваат вошките кои најчесто се појавуваат кај децата во пролет и во есен.
Подготовка: 10 капки етерично масло од рузмарин 10 капки етерично масло од лаванда 30 ml маслиново масло
Употреба: Етеричните масла се мешаат со маслиновото масло. Смесата се нанесува на мокра коса и кожа на главата со нежна масажа. Потоа, на главата се става капа за капење и се остава смесата да делува околу еден час. По овој третман потребно е косата да се измие со шампон, па потоа да се измие со лосион против вошки.