Енергетска свежа салата

Енергетска свежа салата

Потребни состојки:

  • 100 g зелена зелка
  • 100 g црвена зелка
  • 1-2 моркови
  • 5-6 ротквици
  • 5-6 листови марула
  • 100 g свежо цвекло
  • 1-2 младо лукче
  • 1-2 младо кромитче магдонос

Подготовка:
Ротквиците се сечкаат на кругови, марулата се сечка на ленти, останатите зеленчуци ситно се сечкаат или се рендаат. Се зачинува со јаболков оцет, маслиново масло и сол. Салатата се меша внимателно без гмечење одзгора и се наросува со магдонос. Оваа салата може да биде и многу убав енергетски главен оброк ако се додаде туна или некое варено месо.