Прилог од ориз за приготвени меса

Прилог од ориз за приготвени меса

Потребни состојки:

  • 3-4 млади кромитчиња или 1 главица стар кромид
  • 3-4 моркови
  • 1 шолја ориз
  • 2 шолји топла вода
  • 100-150 g грашок

Подготовка:
На масло слабо се пропржуваат сечканите кромид и морков. Се додава грашокот и оризот и заедно се пржи околу 2 минути. Се додава врела вода во однос 1 спрема 2. Се зачинува со сол, мешан сув зеленчук и бибер. Се вари 5 минути, се поклопува и се трга од рингла. После 20 мин. се сервира во чинија и се посипува со свеж сечкан магдонос. Овој прилог оди со сите видови подготвено месо и риба, а може да се јаде и како главен оброк.