ПЧЕЛИНИТЕ ПРОИЗВОДИ ХРАНА И ЛЕК

ПЧЕЛИНИТЕ ПРОИЗВОДИ ХРАНА И ЛЕК

Медот претставува најсовршениот и најуниверзалниот природен производ, чие совршенството се гледа преку неговиот состав од над 200 компоненти кои му даваат не само висока енергетска вредност туку и голема лековитост.

Општи карактерискити и начин на употреба:
Пчелите како најорганизирана заедница го собираат најубавиот и најкорисниот дел од растенијата, поточно нектарот, поленовиот прав и други материи, кој тие со својата работа и своите ензими ги претвараат во совршен производ – мед. За да соберат пчелите односно да создадат 1 кг. мед една пчела треба да помине од 360.000 до 400.000 км одејќи од цвет на цвет.
Медот се зема со дрвено или пластично лажиче, никако со метално. Најдобро е да се раствори во 300 милилитри млака вода, но никако не потопла од 45 степени, бидејќи на повисока температура се разградуваат ензимите и некои други материи со што медот ги губи лековитите особини. Се пие на празен стомак. Доколку медот се зема директно треба малку да се  задржи во устата бидејќи на тој начин преку слузокожата директно оди во крвотокот(крвта).

Состав
Медот ги содржи:

  • Сите есенцијални аминокиселини
  • Витамини: Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б 12 и витамин Ц
  • Минерали: содржи калциум, цинк, калиум, магнезиум, селен, хром, фосфор, манган, железо и др.
  • Органски килесини, рибонуклеинкса, фолна, лимонска, јаболкова и др.
  • Биогени стимулатори, билни антибиотици, фитохормони и многу антиоксиданси.

Видови мед
Според видовите на растенија од кои се добива, медот се дели на монофлорен( се добива од еден вид на растенија, багрем, липа) и полифлорен( се добива од неколку видови на растенија, ливадски, шумски и др.)

Лековити дејства на медот
Различни типови на мед, делуваат на различни здравствени проблеми.

  •  Мед од лаванда се користи против науедност и грчеви, ја регулира работата на срцето, помага кај чир на желудник и делува против напнатост и мигрена.
  • Темен мед од костен ја поттикнува циркулацијата, ја регулира работата на органите(желуднук, црева, црниот дроб и жолчката), ја лечи анемијата, го намалува заморот и го зајакнува имунитетот.
  • Мед од Багрем се користи при проблеми со крвоносниот систем, кај опстипација(запек), а помага и за смирување(несоница, нервоза и напнатост).
  • Ливадски(цветен) мед се препорачува кај алергии и за зајакнување на имунитетот.

Рецепти:

Мед и коприва одличен рецепт за лекување на анемија.
Припрема:
100гр смелени суви листови од коприва во форма на ситен прашок се меша со 1кг ливадски мед, за подобрување на вкусот може да се додаде свежо исцеден сок од лимон и сето тоа се меша во еднолична смеса. Користето го  три пати на ден по една лажица, на гладно.  Лекот е добар за сите оние кои имаат слабокрвност од најмалите деца, бремените жени до највозрасните.

Мед и цимет, оваа мешавина одамна се сметала за елксир на малдоста која обезбедува енергија и виталност. Бројни научни истражувања покажале дека комбинацијата од мед и цимет или силни лековити својства, ги регенерира ткивата, го зајакнува имунитетот, ги чисти артериите и ги уништува слободните радикали. Утврдено е дека овој написток е одличен пртив вишокот на килограми.
Припрема:
Една лажичка цимет се прелева со шоља врела вода , се поклопува и се остава да одстои 30 минути. Кога ќе се олади се додава една лажица мед. Половина шоља се пие пред спиење, а другата полови се става во фрижидер и се пие утрото на празен стомак. Не смее да се подграва, па доколку ви смета ладен пијалок, оставете го на собна температура да се згрее.

Со медот може да се направат и други производи со екстракти од други растенија или смелени делови од растенијата за други заболувања во однос на фармаколошкиот профил на секое растение.