Со почеток на пролетта, започнува и цветањето на најголемиот дел од вегетација, а тоа води кон зголемување на количината на полен и други алергени во воздухот. Доколку сте склони кон алергии дознајте нешто повеќе за нив и запознајте се со некој од начините како може да ги одбегнете предизвикувачите.
Што се алергиите?
Алергиите настануваат кога организмот погрешно ќе препознае безопасни материи од околината, како голема опаснот при што иницира невообичаено силна одбрамбена реакција. Материите кои предизвикуваат алергиски реакции се нарекуваат алергени инајпознати пролетни алергени се поленот од дрвјата, тревата и мувлата. Од нив најчест предизвикувач на пролетни алергии е поленот. Тој е составен од многу мали зрнца кои во периодот на оплодување на растенијата се ослободуваат во воздухот. Луѓето кои се склони кон алергии кога ќе ги вдишат ситните зрнца од поленот, нивниот имуниот систем започнува да произведува антитела кои се спремини за борба со алергенот. Во таа борба се слободуваат бројни хемиски супстанци, како што се хистамините кои се одговорни за интензивирање на алергиските симптоми.
Симптоми
Симптомите на алергиските реакции кои се предизвикани од поленот од дрвата, тревата или мувлата може да бидат:
- Ринитис – затнат или растечен нос, кивање
- Конјуктивитис – чешење, солзење или црвенило во очите
- Уртикарија – контактен дерматит, црвенило на кожа
- Астма – отежнато дишење, снемување здив и кашлање
Како да ги одбегнете предизвикувачите на пролетните алергии
Алергените може да навлезат во вашиот дом преку миленичињата, децата па дури и преку вашите чевли. Откако ќе навлезат во вашиот дом тие најчесто се задржуваат на килимите и завесите. Затоа обидете се со следниве препораки за да ги избегнете алергените:
- Топлото, сувото и ветровитото време е период кога количината на алергени во воздухот е најголем. Затоа обидете се прошетките во природа да ги практикувате кога времето е постудено и не многу ветровито. Најпогодно време за излегување надвор е веднаш по дождот.
- Количината на полен е највисока во утринските часови, затоа доколку е возможно планирајте ги вашите активности во втората половина од денот
- Избегнувајте косење трева, а доколку морате тогаш задолжително користете затитна маска и очила.
- После надворешните активности веднаш исперете ја облеката, истуширајте се и измијте ја косата.
- Намалете го бројот на килими и завеси во вашиот дом
Природни рецепти против сезонските алергии:
- Д-р Генадија Малахова препорачува: Во чаша топло млеко додајте една лажица мед и пола лажица рендан ѓумбир. Добро измешајте го и пијте го навечер пред спиење. Овој рецепт помага против алергиите на полен и ги одстранува токсините од организмот.
- Д-р Ханин препорачува: Исцедете сок од свеж корен од целер. Пијте по една до две лажици сок дневно, пола час пред јадење. Можете да припремите и чај: две лажици сомелен корен ставете го два часа во чаша со ладна вода, процедете го и пијте по 1/3 чаша по три пати на ден пред јадење. Овој рецепт особено е делотворен кај уртикарија.
- Четири лажици сушени листови од коприва се прелеваат со литар врела вода и се оставаат поклопени да одстојат половина час. Се цедат и се пијат 3-4 шољи чај дневно, секогаш со свежо цеден сок од лимон или витамин Ц. Се пие 3 дена, па се прави пауза од 4 дена. Се повторува еден месец. Овој чај е одличен против поленската треска.