ПОВРАЌАЊЕ ВО БРЕМЕНОСТА

ПОВРАЌАЊЕ ВО БРЕМЕНОСТА

Повраќањето во бременоста вклучителено и нјасериозната форма позната како Hyperemesis gravidarum –
се манифестрира кај речиси половина од трудниците. Околу две третини од нив се прворотки и помлади жени. Кај повеќето случаи се мнифестира во поблага форма, но понекогаш состојбата на некои жени налага потреба од хоспитализација.

За повраќањата во бременоста не постојат докажани причини. Според некои истражувања причина може да биде наглиот пораст на естрадиолот или хориогонадотропинот, хормон (познат како  HCG). Имено HCGе еден од најважните хормони во бременоста кој својот пик го достигнува помеѓу петата и четринаесетата гестациска недела и кој преку дејство на хипоталмусот (еден дел од мозокот) предизвикува мачнина и следствено на тоа, повраќње. Според други повраќањето има психоматско потекло. Всушност психоаналитичарите укажуваат дека стравот од сопствена неподобностт и емоционалните конфликти доведуваат до фигуративно – симболично отфрлање на бременоста, што се манифестира со повраќање. Се потенцира дека тешкотиите се поизразени доколку жената неможе да се адаптира на социјалните и сексуалните ограничувања до кои доведува самата бременост.

Секоја личност има индивидуален прагна дразбата за повраќање, што ќе се манифестира со индивидуални варијации во манифестацијата на повраќањето и тежината на клиничката слика. Мачнината и  повраќањето се јавуваат главно наутро, по будењето, со што го уништуваат апетитот и потребата за било каква храна. Најчесто започнуваат од 5 и 6.гестциска недела и траат, во најголем број случаи, до 16. гестациска недела, кога се губат. Во многу ретки случаи може да продолжи во текот на целата бременост.
Во почетниот стадиум, покрај субјективните потешкотии, нема манифестен нутритивен дефицит. Со влошувањето на клиничката слика, доаѓа до денутриција. Поради губењето на апетитот и појавата на одбивност кон храната, жената нагло слабее, поткожното масно ткиво се топи и се намалува мускулната маса. Кај тешките форми, трудницата може да изгуби до една третина од првобитната тежина. Како резултат на изречената дехидратација, усните се испукани и суви, јазикот е сув, обложен и разранет, а здивот мириса на ацетон. Лабораториските анализи покажуваат хемоконцентрација и присуство на кетонски тела (ацетон) во урината. Кај потешките форми на болеста доаѓа до појава на иктерус (жолтица), како резултат на оштетување на црниот дроб, како и нарушен електролитен статус и хемостаза.

На почетокот лекувањето е амбулантско, со давање подршка на пациентката и нејзино ослободување од стравот и конфликтите од бременоста. Се препорачуваат мирување, благи седативи, антиеметици (лекови против повраќање) и витамини. Многу е важно хигиено – диететскиот режим со исклучување на лошите навики во исхраната, како што е консумирањето на многу мрсна храна. Треба да се консумира лесна храна, која содржи белковини и јаглехидрати. Да се избегнуваат мрсната храна (путер, полномасно млеко, павлака …) , зачинети (пипер,цимет лук …), запршките, намирниците со киселкаст вкус и чоколадата. Трудницата треба да ги избегнува газираните пијалаци, а треба да пие обична вода повеќепати во текот на денот, но во помали количини. Таа треба да престане да пуши цигари и да консумира алкохол. Ако повраќањето се јавува во потешка форма, трудницата треба да се хоспитализира и се третира со инфузиона терапија.
Доктор Ѓорги Николов
Специјалист гинеколог-акушер
Гинеколошко акушерска ординација: Genesis