Матичниот млеч е еден од најзначајните пчелини производи. Народот и пчеларите го нарекуваат млеко од пчели и што е многу значајно, поради неговата сложена хемиска структура, не може да се подготви во која било лабораторија. Претставува материја која и ден-денес и покрај силниот развој на науката е сèуште целосно неоткриена и неиспитана и претставува една од најдобро чуваните тајни на природата. Го нарекуваат кралска храна бидејќи низ историјата, кралевите го користеле во секојдневната исхрана. Се верува дека матичниот млеч го храни телото однатре, го подмладува, го спречува стареењето, а истовремено го ревитализира и однадвор. Претставува најсилна супстанција што го обновува човечкиот организам.
Матичниот млеч има сложен хемиски состав
- има над 150 биолошки активни состојки
- 69% вода
- 19% белковини (есенцијални аминокиселини)
- сите витамини (А, Б, Ц…)
- 1-5,5% масти
- ХОРМОНИ!!! СТИМУЛИРАЧКИ СУПСТАНЦИИ
- ензими
Има висока концентрација на белковини, особено оние што ги содржат сите есенцијални аминокиселини. Значајна е и извонредно високата концентрација на витамини од групата на Б комплекс, посебно витамин Б и витамин Б6. Содржи голема концентрација на минерали, и тоа: калиум, калциум, натриум, цинк, железо, бакар, манган, како и биостимулатори.
Фармаколошки ефекти на матичниот млеч
Во 1924 година, научно е потврдена лековитоста на матичниот млеч и оттогаш се користи како силен имуностимулатор. Ги зголемува и ги зајакнува одбранбените способности на организмот, го зајакнува имунитетот и делува како силен биостимулатор, отстранува замор, исцрпеност, ја зголемува физичката сила, но и менталната кондиција.
Матичниот млеч ги чисти крвните садови, го намалува холестеролот во крвта, со што ја подобрува циркулацијата и може превентивно да се користи против ангина пекторис, инфаркт, мозочни удари. Поволно влијание има и врз нервниот систем, се подобрува концентрацијата, помнењето, волјата кај луѓето и истовремено се намалува нервозата, депресијата, се отстрануваат стравот и несоницата. Со еден збор, матичниот млеч го јакне нервниот систем и го подобрува емотивното здравје.
Поседува антибактериски и антивирусни својства, помага при грип, но и при хепатит А, Б, Ц. Ја подобрува крвната слика, а во ревматологијата успешно се користи како антиревматик против артритис, артроза, дископатија и силна главоболка. Посебно значење матичниот млеч има со неговото силно дејство врз хормоналниот профил кај мажите и жените, односно ја зголемува плодноста, а жените во текот на климактериумот полесно ја поднесуваат оваа фаза од нивниот живот. Го подобрува апетитот, помага при гастритис, катар, чир на желудник и на дванаесетпалечно црево, како и при ублажување на симптомите кај пациенти кои имаат проблем со дебелото црево, односно, кои имаат хроничен колитис.
Матичниот млеч е силен противотров. Го чисти телото подобрувајќи ја функцијата на црниот дроб и бубрезите, ја зголемува детоксикацијата за 40%.
Доказ за силниот фармаколошки профил на матичниот млеч е самата матица која се храни исклучиво со матичен млеч. Таа живее 7 години, а обичната пчела живее 30 дена. Исто така, матицата дневно снесува од 2 000 до 3 000 јајца, што е десетици пати повеќе од нејзината тежина.