СОКОВИ

СОКОВИ

1 Сок од јаболкоцвекло и морков – сок кој ја штити и ја храни вашата кожа во лето:
1 јаболко, без семки,исечкано на парчиња,
½  главица цвекло или1 помало цвекло, исечкано на парчиња,
2 моркова.
Сите состојки се ставаат во соковник.
Пожелба,може да седодаде сок од ½  лимон или сок од 1 портокал.

Се препорачува да се консумира веднаш по приготвувањето.

2 Густ сок од малини и банана:
2 чаши малини,
2 банани, излупени,
5 урми без семка.

Сето ова се мати во миксер и се додава вода по желба, до саканата густина.

3 Зелен сок од праски и банана:
3 праски, без семка,
1-2 банани, излупени,
5 урми, без семка,
4-5 поголеми листови спанаќ(или една рака).
Пожелба, се додава цеден сок од 1 портокал.
Сето тоа се мати во миксер. За поредок сок се додава вода по желба, при миксирањето.

Се препорачува овој сок да се пие наутро бидејќи дава енергија во текот на целото претпладне.


Млеко од бадеми – замена за млеко од животинско потекло:
50-тина бадемчиња се киснат во вода од претходната вечер(околу 8 часа),
3-5 урми, без семка, за поблаг вкус (пожелба),
3 чаши вода(вкупно околу700-800 мл).
Сето тоа се мати во миксер и се процедува низ густа цедалка или газа.
Добиеното количество млеко е доволно за3-4 чаши.
Ако сакате замена за чоколадно млеко, може пред консумирањето да се додаде по 1 мала лажичка рогач или какао во прав.

Ова млеко се чува во фрижидер до 24 часа и не се подгрева.


Саси вода“, вода која што освежува и ги топи масните наслаги
Ако сакате водата да ја направите уште поблаготворна и ефективна за губење килограми, тогаш ќе ве интересира и оваа едноставна напивка, што ја смалува надуеноста и го подобрува варењето. Оваа едноставна и лесна за правење напивка ја има смислено нутриционистката Синтија Сас.

Состојки:

– 8 чаши вода
– 1 лажица рендан корен од ѓумбир
– 1 свежа краставица, средна големина, излупена и рендана
– 1 лимон,средна големина, исечен на тенки парчиња
– 6-7 гранчиња нане

Подготовка:

Наведените состојки се мешаат со вода и се остава смесата да отстои во текот на ноќта, за секоја намирница да ја испушти својата арома. Утредента, напивката се процедува и се консумира во текот на целиот ден.