Пита со сирење
Потребни продукти:
500 грама тенки кори
Смеса за премачкување: 50 мл јогурт или кисело млеко, 200 мл масло, 100 грама пченкарно брашно,100 грама пченично брашно,2 ќесички прашок за печиво,3 јајца
Начин на подготовка:
Се редат три кори една врз друга,при што секоја од нив се премачкува со гореподготвената смеса. На третата кора се става филот од урда и се витка во ролат.
Откако ќе се наредат ролатите еден до друг во должина на плехот (претходно подмачкан плех со масло), се прелеваат со остатокот од смесата. Се пече во загреана рерна на 200степени,околу 20 минути (5-10минути во исклучена рерна).
Салата од домати и моцарела сирење (салата Капрезе)
Потребни состојки:
2 домата со средна големина
300 г свежа моцарела
15-20 листови свеж босилек
сол и бибер (оригано)
маслиново масло
Подготовка:
Доматите и моцарелата исечете ги по желба. Распоредете ги листовите од босилек, додајте сол, бибер и маслиновомасло. А, по желба,во салатата можете да додадете и оцет балсамико.
Летна зелка со јунешко или свинско
Потребни состојки:
600 г јунешко или свинско месо
1 главица кромид
1кг и половина свежа летна зелка
1-2 моркова
1 свежа пиперка (може и лута за вкус)
2 домата
магдонос
Подготовка
Месото се вари. Во посебен сад се запржуваат сечканиот кромид, пиперката и морковот,со малку сол. Се додава исечкана зелката и слабо се запржува. Се додава изрендан домат, црвен пипер и се спојува со вареното месо. Се зачинува, се вари 10-15 минути. На крај,се додава сечкан магданос, се затвора со капак и се исклучува.
Ова јадење може да се приготви на истиот начин и без месо.
Кременадли од лосос во фолија
Потребни состојки:
За 4 лица1кг исечен лосос на кременадли
1 поголем лимон
1 главица кромид
1 поголем домат
2-3 лукчиња
По желба,се додава зачин: магдонос, оригано, лорбер.
Подготовка:
Лососот се посолува со сол, бибер и сув зеленчук. Лимонот,кромидот и доматот се сечат на кругли парчиња. На парче алуминиумска фолија ставаме маслиново масло, парчето лосос, лимонот, кромидот па доматот. Се посолува со магдонос и убаво се затвора да не диши. Постапката се повторува со секое парче лосос. Се редат во плех премачкан со масло и се пече во загреана рерна 20-30минути.
Се служи со фолијата која непосредно пред оброкотсе прави како чинија и се става во друга чинија.
Ова јадење се служи со пекарски компир и со зелена салата.
Чорба од домати
Потребни состојки
2 главици кромид
1 кг домати
Оригано
По желба: магдонос, босилек
Подготовка
Во масло се запржува ситно изренданиот кромид со малку сол. Се додава 1 лажичка брашно и 1 лажичка црвен пипер и се прелива со излупен и изрендан домат и ½л вода.Се зачинува со мешан сув зеленчук, сол бибер по вкус. Се вари 5-10 минути. На крај,се додава оригано, ситно сечкан магдонос и неколку листови свеж босилек. Се покрива и се исклучува.
Обланди со чоколаден прелив
Потребни состојки:
-едно поголемо пакување обланди
Фил:
– 500 г шеќер
– 600 мл млеко
– 1 маргарин
– 500 г мелени бисквити
– 200 г мелени ореви
– 100 г суво грозје, попарено со вода и добро исцедено
Прелив:
– 150 г чоколадаза готвење
– 3-4 лажици млеко или вода
– неколку капки масло
– 20 г путер или маргарин
Подготовка:
– Шеќерот се пржи за да пожолти, но да не изгори. Потоа се додаваатмлекото и маргаринот, и
сèзаедно се растопува.
– Потоа се трга од оган и се додаваат мелените бисквити и ореви.
– Со врел фил се филуваат обландите една по една, а последната се остава нефилувана.
– Обландата притиснете ја со потежок предмет за да се стегне.
– Потоа на горниот слој на обландата нанесете го врелиот прелив и израмнете го.
-Откако глазурата ќе се стегне,може да се исече на коцки.
Уживајте во десертот!