СО ХРАНА ПРОТИВ ШТЕТНИТЕ СОНЧЕВИ ВЛИЈАНИЈА

СО ХРАНА ПРОТИВ ШТЕТНИТЕ СОНЧЕВИ ВЛИЈАНИЈА

Доколку сакате да се заштитите од сонцето со сите расположливи средства, тогаш кон вашето мени задолжително вклучете ги следните прехранбени производи:

Домат:
Доматот слободно можеме да го наречеме и природен крем за сончање што го „мачкаме“однатре.
Доматот е намирница богата со антиоксидансот ликопен кој докажано го намалува штетното влијание на УВ зраците.

Морков:
Позитивната страна на морковот не е само во неговата улога за заштита од штетните ефекти на сончевите зрачења туку и способноста благодатите од нив да ги сврти во наша полза

Сладок компир:
Во последно време, оваа намирница сѐ почесто е дел и од нашето мени и е неизоставен дел од понудата на нашите пазари и супермаркети. Користете го на ист начин како и обичниот компир.

Зелен зеленчук:
Сигурно знаете дека тајната на здравата исхрана се крие во шаренилото од бои. Многу е важно во вашата чинија да се најдат намирници од сите бои, а меѓу нив не смеете да ја одминете зелената, особено доколку сакате да се заштитите од штетните влијанија на сонцето. Едно непишано правило вели: „што потемна зелена боја, толку повеќе хранливи компоненти“. Затоа, бирајте заленчук со темнозелена боја, како што се:кељ, брокола, блитва, спанаќ…

Лубеница:
Омилено летно овошје богато со ликопен кој го смалува ризикот да добиете црвенило и изгореници. Консумирајте ја секогаш кога сте во можност бидејќи помага и за хидратација на организмот, што е многу важно за летниот период.

Јагоди, киви, портокал:
Овие три овошја се особено богати со витамин Ц. Витаминот Ц многу ефикасно ги неутрализира слободните радикали, настанати како резултат на предолгата изложеност на штетните сончеви зрачења.

Бадеми и семки од сончоглед:
Богати со високи концентрации на витамин Е, уште еден многу моќен антиоксиданс кој успешно го штити организмот од штетното влијание на УВ зрачењето.
Покрај сите гореспоменати прехранбени производи за потполн ефект и за подобра заштита од сонцето, во летниот период пијте и зелен чај, јадете свежи јаболка (по можност со кора) и повремено почестете се со коцка темна чоколада.