ПРАЗ – чистач на организмот

ПРАЗ – чистач на организмот

Празот е многу старо култивирано растение кое е во најблиско сродство со кромидот и лукот, но со поблаг вкус и мирис. Неправедно спаѓа во намирници кои само повремено се користат во исхраната како додаток, иако може самостојно да се користи во многу јадења.

Богат нутритивен состав

Нутритивниот состав на празот е „за почит“па, меѓу другото, на листата од неговата содржина се наоѓаат: витамин Ц, Б6, каротин, витамин Е, а од минерали празот е богат со: манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум.
Една од главните компоненти што го прават празот посебена и близок до лукоте алицинот. Токму оваа компонента го става празот во редот на зеленчуци со докажано антибиотичко дејство.
Покрај ова, празот е богат и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го подобруваат варењето на храната.

Благодат за организмот
Бидејќи содржи доста калиум (во 100 г има 300 мг), а малку натриум (сол), празот е силен природен диуретик. Благодарение на диуретичкиот ефект, празот е одличен чистач на организмот од токсини. Затоа, често празот им се препорачува на лицата со бубрежни и кардиоваскуларни заболувања, осебно за намалување на отоците.
Празот, во споредба со сите зимски зеленчуци, содржи најмногу каротин, витамин Ц и Е. Ваквиот распоред и ваквите концентрации на активни компоненти го прават празот супер храна во борбата против настинките, инфекциите и во подобрување на општата состојба на организмот преку директно јакнење на имуниот систем.
Содржината на моќни антиоксиданси го штити организмот од штетното делување на слободните радикали, а во продолжение на тоа и од многу хронични заболувања, вклучувајќи го и ракот. Со право, празот се смета за природен антиканцероген кој помага во превенција од малигни заболувања.

Мевлем и за кожата
Празот ја негува и кожата. Супата од праз го осветлува тенот. Содржината од витамин Е и каротин, се важни фактори за здрава, еластична и нежна кожа.

Празот ги „топи“ килограмите
Празот е нискокалорична билка. Содржи 86% водаа во 100 г праз има само 35 калории. Содржи многу малку масти и шеќери, а доста целулоза, која брзо дава чувство на ситост. Пектинот од празот прави заштитен филм на слузокожата од желудникот. Вклучен во избалансирана исхрана, празот е идеален за одржување на нормалната телесна тежина. Многу често празот како намирница се вклучува во разни диететски комбинации.

Што почесто и повеќе на вашата трпеза
Леснотијата во чувањето на празот во суров облик преку зима дава одлична предност за неговата употреба. Празот може да се употребува во комбинација со други зеленчуци и е одличен додаток на разни супи и макала. Ако сакаме на организмот да му дадеме најмногу што можеме, разновидната исхрана, секако, подразбира и редовно внесување зеленчуци во оброците. Ова значи и почесто вклучување и на празот и тоа по можност во свежа форма.

Совет
Со готвењето на празот се нарушува витаминско-минералниот состав, па затоа најдобро е да се јаде свеж или како додаток во комбинирани салати и макала. Не се препорачува празот да се замрзнува. Во фрижидер, незамрзнат, може да се чува до 10 дена.