Печурките претставуваат посебна форма на живот која по бројот на видови претставува најраспространет жив организам на земјата. Утврдени се преку сто илјади видови печурки, а се смета дека нивниот број е далеку поголем. Во исхраната се употребуваат околу 230 видови.
Несомнени се улогата и значењето на печурките во екосистемот и во синџирот на исхрана, а сè позначајна е нивната улога и употреба во медицински цели. Кинеската и јапонската медицина со векови ги користат печурките во борба дури и против најтешките форми на заболувања како канцер, дијабетес и сл.
Нутритивни вредности
Печурките, покрај животните, се единствени организми кои имаат способност за синтеза на витамин Д.
Печурките, за разлика од растенијата, ги содржат сите есенцијални аминокиселини неопходни за животот на луѓето.
Медицинско значење
Печурките содржат многу биолошки активни компоненти кои во комбинација со важните нутриенти се исклучително ефикасни во превенција и лекување на низа здравствени нарушувања. Сè почеста е употребата на печурките во третман и на потешки форми на канцер. Голем број научни истражувања ги потврдуваат позитивните ефекти од употребата на печурките токму во медицински цели.
Печурките се докажан борец во превенција и лекување на настинките и грипот. Дејствуваат стимулативно на организмот и го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Изразени лековити ефекти се утврдени кај одредени срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Успешни резултати се добиени во третман на висок крвен притисок, артеросклероза и мозочен удар.
Позитивни својства:
-
го јакнат имунитетот
-
имаат антивоспалително, антивирусно и антиканцерогено дејство
-
позитивни ефекти при алергии, астма, псоријаза и дерматитис
-
помагаат во лекување на артритис и ревматизам
-
отстрануваат замор, слабост и несоница
-
го регулираат нивото на шеќер во крвта
-
го подобруваат помнењето и концентрацијата
ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА ПОДГОТОВКА НА ЈАДЕЊА ОД ПЕЧУРКИ
-
Важно е да се запомни дека печурките во свежа форма се чуваат на ладно (во фрижидер) најмногу до 5 дена.
-
Се мијат непосредно пред подготовка на јадењето и тоа брзо, нежно и исклучиво под млаз од ладна вода.
-
Јадењата приготвени од печурки треба да се консумираат веднаш. Овие јадења не треба да се подгреваат. Кај отстоените јадења и кај подгреаните јадења постои опасност од распаѓање на протеинските и други компоненти од печурките што, пак, може да доведе до појава на одредени токсини.
-
Вкусот на јадењата можете да го зајакнете со додавање сол, соја сос, лук, кромид, босилек, магдонос и сл.
Јадењата од печурки секогаш консумирајте ги свежо подготвени и во никој случај не подгревајте ги!
Колку често на вашата трпеза?
Печурките не треба и не мора да бидат дел од вашето секојдневно мени. Уште поважно е дека за еден оброк е доволна количина од околу 200 грама печурки. Може да се консумираат свежи, сушени или маринирани.
За сите диети
Печурките влегуваат во групата на нискокалорични намирници (100 грама печурки имаат 18-26 калории) што ги прави идеални за секоја диета. Предноста е што содржат многу малку маснотии и сол, како и отсуство на холестерол.
СОВЕТ ПОВЕЌЕ
Јадете само печурки кои добро ги познавате или можете да ги препознаете! Во спротивно, избегнувајте сами да ги собирате.
Печурки во исхрана кај децата
Често поставувано прашање и дилема кај родителите е кога и на кој начин да се воведат печурките во исхраната на децата. Нутриционистите препорачуваат печурките постепено да се воведуваат во редовната исхрана на децата некаде по третата година.
Проверен и докажан рецепт за прифаќање на вкусот и, воопшто, на печурката како намирница кај децата е нивното најомилено јадење – пицата. За ова, најдобро е пицата да ја подготвите сами со што ќе имате директна контрола и врз количината на ставените печурки, нивниот квалитет, како и врз квалитетот на останатите состојки. Пиците кои се служат во рестораните многу често содржат поголемо количество на сол, а не може да се гарантира и за квалитетот на употребените сосови и додатоци. Идеално може да се комбинираат со јајца, ориз, тестенини или со разновиден зеленчук.
Видови печурки кои се користат во нашата исхрана
Најчесто консумирани, а практично и најдостапни видови печурки кои се наоѓаат на нашата трпеза се шампињоните и буковката. Покрај овие, нашите шумски предели изобилуваат со многу други видови превкусни печурки како што се популарните вргањ, лисичарка, смрчка и сончарка.
вргањ буковка лисичарка смрчка сончарка
Покрај овие кои се карактеристични за нашето поднебје, на нашиот пазар може да се најдат и познатите лековити печурки шитаке, ословени како „еликсир на животот“ и реиши – „божествени“ печурки.
шитаке реиши
Печурка од далечниот исток, со извонреден префинет и богат вкус, богата со протеини, витамини, аминокиселини, диететски влакна и минерали. Има голема нутритивна вредност, малку калории, а масти речиси и нема. Медицинскиот ефект е рефлектиран во изразените антиканцерогени и антивирусни ефекти.
Поради својата супериорна лековитост, реиши печурките со право се нарекуваат медицинско чудо. Успешно се употребуваат при превенција и лекување на низа здравствени проблеми, без притоа да манифестираат какви било несакани ефекти. За превенција се препорачува дневно да се консумира 3-5 грама суви печурки, додека при лекување 10-12 грама.
Рецепти
Кајгана со печурки
Потребни состојки:
- 200 г печурки
- 4 јајца
- 1 кромид
- сол, бибер, зачин
Подготовка:
Кромидот ситно исечкан пропржете го на масло. Додадете ги печурките, исто така, исечкани заедно со зачините и пржете додека да омекнат. Во чинија изматете ги јајцата и прелијте ги преку печурките. Пржете додека не бидат готови.
Полнети печурки
Потребни состојки:
- 1 кг шампињони со поголем шешир
- 2 главици кромид
- 200 г павлака
- сол, бибер, зачин, магдонос
Подготовка:
Шеширите од печурките се одвојуваат од рачката и се редат во тава за печење. Одвоено се сечкаат кромидот и рачките од шампињоните. Се пржат на масло и се додава сол, бибер, оригано. Со оваа смеса се полнат шеширите, а одозгора се става едно лажиче павлака. Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 20-30 минути.
Готовото јадење може да се служи како главно јадење, прилог со пире, предјадење или јадење во комбинација со разни видови месо.
Печурки со зеленчук
Потребни состојки:
- 400 г печурки сечени на листови
- 1 кромид
- 1 страк праз
- 2 поголеми моркови исечкани на кругови
- 1 црвена пиперка
- 1 помала тиквичка
- магдонос
- луто пиперче (по желба)
- 1 ловоров лист
- оригано, бибер, сол, зачин
Подготовка:
Кромидот и празот ситно се сечкаат и се пропржуваат на масло. Се додаваат шампињоните (или друг вид печурки) и повторно се пропржува. Се додаваат останатите сечкани зеленчуци, се мешаат, тавата се покрива со капак и се динстаат на тивко 15 минути.
Полнети печурки
Потребни состојки:
- 1 кг шампињони со поголем шешир
- 2 главици кромид
- 200 г павлака
- сол, бибер, зачин, магдонос
Подготовка:
Шеширите од печурките се одвојуваат од рачката и се редат во тава за печење. Одвоено се сечкаат кромидот и рачките од шампињоните. Се пржат на масло и се додава сол, бибер, оригано. Со оваа смеса се полнат шеширите, а одозгора се става едно лажиче павлака. Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 20-30 минути.
Готовото јадење може да се служи како главно јадење, прилог со пире, предјадење или јадење во комбинација со разни видови месо.
Печурки со зеленчук
Потребни состојки:
- 400 г печурки сечени на листови
- 1 кромид
- 1 страк праз
- 2 поголеми моркови исечкани на кругови
- 1 црвена пиперка
- 1 помала тиквичка
- магдонос
- луто пиперче (по желба)
- 1 ловоров лист
- оригано, бибер, сол, зачин
Подготовка:
Кромидот и празот ситно се сечкаат и се пропржуваат на масло. Се додаваат шампињоните (или друг вид печурки) и повторно се пропржува. Се додаваат останатите сечкани зеленчуци, се мешаат, тавата се покрива со капак и се динстаат на тивко 15 минути.