Состојки
- 1 кг компири (или по потреба)
- 500 г свежи шампињони
- 2 средни главици кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка сенф
- по вкус: сол, бибер, мешан зачин, мајчина душичка, чили
- 2 јајца
- 100 мл млеко
Подготовка:
Печурките исечкајте ги на парчиња и ставете ги малку да се запржат во тава на оган. Потоа, извадете ги настрана. Во истата тава додадете го ситно сечканиот кромид да се пржи. Кога ќе омекне, додадете го и изгмеченото лукче. Потоа, додадете ги и печурките, сенфот и зачините, и промешајте за убаво да се соедини.
Компирите излупете ги и исечете ги на тенки кругови. Тавата премачкајте ја со масло, наредете еден ред компири и одозгора ставете малку од зачините, а потоа наредете уште еден ред компири. Ставете половина од филот, покријте со ред компири и другата половина од филот. Одозгора наредете ги убаво компирите да нема празни места. Додадете малку вода во тавата и ставете да се пече во загреана рерна.
Јајцата разматете ги заедно со млекото и малку сол и пред крај прелијте ја мусаката. Вратете да се допече уште кратко, па извадете и оставете малку да се олади пред да послужите