Состојки
- 4 јајца
- 300 г јаболкa (крупно рендани)
- 220 г шеќер (кафеав)
- 250 гбрашно
- 200 г путер
- 50 г ореви
- 50 г бадеми или лешници
- 50 г суво грозје
- 1 лажичка цимет
- 1/4 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка прашок за печиво
Подготовка
Јајцата убаво изматете ги. Путерот стопен и оладен додадете го во садот со јајцата и продолжете со матење. Додадете ги шеќерот, брашното, содата, печивото и циметот. На крај, ставете ги ренданите јаболкaи сувото грозје. Смесата ставете ја на хартија за печење и печете на 180 степени 45-60 минути.