Состојки
- 250 г тиква
- 1 компир
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 целер
- 1 пашканат
- 2 чешниња лук
- малку сол, црн пипер, маслиново масло, босилек
Подготовка
Tиквата, компирот и морковот, измиени и излупени, се сечат на поголеми парчиња. Кромидот, лукот, целерот и пашканатот се ставаат цели во лонец со вода. Се варат заедно 30-40 минути. Се цедат, а водата се зачувува. Потоа, сите состојки се дробат вo блендер, додека не добиете еднолична каша. На крај, се додава водата со што ја приспособувате густината. За вкус се додава малку маслиново масло, сол, црн пипер, босилек.