Супата од коски е јадење старо онолку колку што е стара и самата вештина за готвење јадења. Во модерното живеење, можеби го има загубено своето место, но секогаш треба да остане актуелна заради непроценливите здравствени придобивки.
Супата е преполна со хранливи материи поаѓајќи од содржина на многу минерали, како калциум, фосфор, магнезиум и калиум, во состојба во која вашето тело многу лесно ги искористува.
Содржи соединенија хондроитин и глукозамин коишто имаат влијание во ублажување на воспалителните процеси како што се артитис и болки во зглобовите. Присутен е и мелатонинот што придонесува за здрава кожа, коски и нокти.
Состојки
- 500 г пресечени шупливи говедски коски на кои може да има и мала содржина месо
- 2 лажици јаболков оцет
- 1 кромид или праз
- 2 чешниња лук
- 2 моркова
- 1 целер
- 1 пашканат
- сол, магдонос и бибер во зрно
Подготовка
Прво, измијте ги коските и заедно со 1 цел кромид (може и со лушпа) и со зрната бибер прелијте ги со ладна вода и со 2 лажици лимонов сок. Варете ги на тивок оган, а најдобро во експрес лонец 1 и пол час. Сварената супа процедете ја и потоа соберете ја маснотијата од површината. Вака процедена и обезмастена, се враќа на оган и се додава зеленчукот, претходно ситно исечкан или изрендан. По желба, може да се додаде и малку фиде.
Супата може да се подготви и од друг вид месо, а особено е вкусна ако при варењето, покрај коските, додадете и малку пилешко (од гради, крилца, врат).
Доколку имате сварено поголемо количество, откако ќе ја процедите, може да ја поделите, и еден дел да замрзнете. По потреба ја одмрзнувате и ја подготвувате со додавање на зеленчуците и на зачините.
!!! Супата е идеален оброк што го закрепнува организмот.
Особено се препорачува за деца, постари лица, болни и за реконвалесценти.