По состав и концентрација на состојките, побогата е од кое било друго овошје, зеленчук, житарка, семе или билка. Таа е суперхрана погодна и безбедна за употреба кај деца и кај возрасни од сите генерации.
Што е спирулина?
Спирулината е сино-зелена алга, која лесно се адаптира и најчесто се сретнува во разни слатководни површини. Таа е бесмртен потомок на првата форма на живот на планетата со способност постојано сама да се обновува, притоа носејќи го во себе клучот за бесмртноста.
Се развива во алкална средина, каде што е тешко или невозможно да преживеат други микророганизми. Затоа и нивото на бактерии во самата спирулина, по собирањето и сушењето без дополнителна обработка, е незначително.
Спирулината содржи и до 180% повеќе калциум од мелкото
Што содржи?
Спирулината има највисока застапеност на протеини од која било друга храна. Во својата структура ги содржи сите есенцијални аминокиселини во идеален сооднос. Со внесување на само 36 г спирулина, или 4 полни супени лажици, возрасен маж ги задоволува дневните потреби за есенцијални аминокиселини.
Содржи само 5% масти и речиси и да нема холестерол. Од малкуте масти што ги содржи спирулината, поголемиот дел се есенцијални масни киселини, како линоленска и гама-линоленска киселина.
Единствено спирулината заедно со мајчиното млеко содржи доволно количество на гама-линоленска киселина. Таа помага во регулирањето на холестеролот и работата на срцето.
За што се користи?
Антиоксиданс
Алкална по природа, спирулина го штити телото од оксидативна нерамнотежа. Содржи нутриенти коишто ги елиминираат тешките метали и ги катализира процесите за обновување на клетките и воедно учествува во процесите на детоксикација на организмот. Само 3 г спирулина имаат поголемо антиоксидативно и антиинфламаторно дејство од 5 порции овошје и зеленчук.
Биостимуланс
Со своите антивирусни, антибактериски и антимутагени својства, спирулината природно го зајакнува имунитетот, ја подобрува крвната слика, го регулира високиот холестерол и делува антиканцерогено.
Витализатор
Спирулина е докажан непријател на хроничниот замор. Ја подобрува меморијата, ги редуцира депресивните состојби, стресот, алергиите и кожните проблеми. Редовната употреба стимулира постигнување оптимални нивоа на енергичност и виталност.
Храна
Дури 68% од сувата маса на спирулината е протеински дел. Овие протеини се биолошки комплетни бидејќи ги содржат сите есенцијални и неесенцијални аминокиселини.
Заради ова, спирулината има моќ да го компензира дефицитот на протеини настанат како резултат на одредени диети, стилови на исхрана или заболувања. Погодна е како храна која што дава големо количество енергија кај лица со зголемена психо-физичка активност, реконвалесценти, деца во раст и развој. Спирулината се наоѓа и на менито во вселенските станици. Брзо расте, бара мал простор, а за астронаутите обезбедува кислород и доволно хранливи материи.
Витамини, минерали, олиголелементи…
Нуди изобилство од витамини, почнувајќи од витаминот А во форма на бета-каротен, сите Б витамини (Б1, Б2, Б3, Б6, фолна киселина) и витамините Е и К.
Спирулината е значаен извор на Б12 кој е неопходен за оформување на црвените крвни клетки. Воедно, спирулината е и најдобар природен извор на железо со 10 пати поголема застапеност од која било друга храна. Содржи неверојатни 23% повеќе железо од спанаќот. Железото со кое што е богата спирулината, има двојно поголема искористливост во споредба со останатите синтетски извори.
За кого посебно се препорачува
- За спортисти. Спирулината е докажан стимулатор на мускулната сила и помага за зголемување на издржливоста.
- За луѓе на кои им е потребно прочистување на организмот од токсини, тешки метали, алкохол, цигари и од преголема употреба на лекови.
- За бремени жени кои имаат зголемена потреба за протеини, односно извор на протеини кои е сиромашен со калории со цел да се избегне непотребно зголемување на телесната тежина.
- За лица со анемија поради подобрување на крвната слика.
- За лица со хроничен замор. Ја зголемува менталната енергија и ја подобрува работата на мозокот.
Како да се користи
Спирулината е достапна во 2 форми: во прав и во таблети. Како додаток на исхрана, препорачана минимална количина е 3 г дневно, независно од оброците. Се препорачува да се земе најдоцна 4 часа пред спиење.
Во кулинарството
Доколку сте од луѓето кои сакаат да експериментираат, но без да прават компромис со кулинарски квалитети, тогаш задолжително вклучете ја спирулината во некој ваш следен кулинарски специјалитет.
Лесно можете да ја додадете во уникатни и супер здрави чорби, супи или енергетски напивки. Избегнувајте да ја употребувате како додаток во термички обработки поради загубата на утритивата.
Суперсмути за суперутро
- 1 банана
- половина чаша јогурт или свежо цеден сок од јаболко или портокал
- половина чаша малини или боровинки
- 1 супена лажица спирулина
- Ставете ги сите состојки заедно во блендер и измиксирајте ги.
Спирулината содржи високо квалитетни растителни протеини и тоа 3 до 4 пати повеќе од говедското месо, и дури 5 пати повеќе од јајцата.