Состојки:
- 300 г пилешко месо
- 300 г млада коприва
- 1 главица кромид
- 1 морков
- целер, пашканат, 1 чешне лук
- сол, бибер, зачин и 1 лажица пченкарно брашнo
Подготовка:
Пилешкото месо се вари и се сече на коцки. Во тава се пропржува кромидот, во кој се додава зеленчукот исечкан на коцки. Се прелива со водата каде е варено месото и се врие 5 минути. Се додаваат копривaта (претходно попарена и исечкана) и 1 лажица пченкарно брашно, претходно разматено со малку течност од супата. Се вари уште 5 минути и се трга од оган. Може да се сервира со додаток од лимонов сок, павлака или кисело млеко.