Состојки:
- 1кг компир
- 3 главици кромид (црвен)
- 4 лажици оцет
- 4 лажици масло
- сол и малку бибер
Подготовка:
Компирот се вари во посолена вода. Откако ќе се свари, се лади, се лупи и се сече на тенки крукчиња. Во посебен сад се става кромидот ситно сечкан на ливчиња, се додаваат оцетот, маслото и солта. Се меша и се добива прелив кој е добро да отстои додека се вари компирот.
Во стаклена чинија се реди слој од компирот и слој од преливот сè додека има смеса. Одозгора се посолува со бибер.