Состојки:
- 400 г макарони
- 4 јајца
- ½ литар млеко
- сирење (по желба)
- 1 шолја масло
Подготовка:
Макароните се варат во посолена вода. Во погоден сад се матат јајцата, млекото, сирењето и маслото. Готовите макарони се цедат и се ставаат во тавче за печење. Се преливаат со смесата и се ставаат во загреана рерна на 220 степени дваесетина минути, односно додека не се запечат макароните.