Состојки за 4 лица:
- 2 тиквички
- 2 јајца
- 20 г путер
- 100 мл павлака за готвење
- 100 г пармезан
- 1 лажица зачин
- сол, црн бибер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечете ги тиквичките на тенки кругови. Во еден сад изматете ги јајцата, павлаката и зачинот, и половина од пармезанот.
Со путер премачкајте го садот во којшто ќе печете и ставете ги крукчињата тиквички. Врз нив сипете ја смесата од јајцата, додете сол и бибер, и одозгора наросете со остатокот пармезан.
Нека се пече 30 минути и консумирајте го топло со некој вид месо или салата.