Вегетаријанската исхрана воопшто не е монотона и „здодевна“ како што можеби имаат претстава луѓето коишто не можат да замислат оброк без месо. Во суштина, постои цела палета на намирници кои во целост може да ги заменат животинските производи без, притоа, нималку да се изгуби од разновидноста и вкусот на храната.
Се поставува прашањето: дали вегетаријанската храна е исклучително здрава?
Дали секоја храна која не е храна од животинско потекло е здрава? Дали луѓето кои што не јадат храна од животинско потекло, но јадат слатки, кондиторски производи, грицки, бели печива, лиснати теста (кроасани), чипсови, смоки, пијат газирани сокови, ладни чаеви, енергетски пијалаци и многу кафе,се хранат здраво? Секако дека не.
Заклучок е дека вегетаријанците коишто ги практикуваат горе споменатите артикли се исхрануваат комплетно нездраво.
Еве и зошто:
Шеќерот, белото брашно, трансмастите (маргаринот) ,млекото, многу сол, се доминантни состојки во овие продукти. Токму овие состојки во храната се најголемите причинители за зголемен број болни лица од дијабетес, зголемени маснотии во крвта, замастен црн дроб, висок притисок, инфаркти, мозочни удари, дегенеративни заболувања како Паркинсонова болест, Алцхајмер ,зголемен број автоимуни болести како мултиплекс склероза, реуматоиден артрити сл. Доаѓаме до заклучок дека ипокрај отстранување на храната од животинско потекло, и со преоѓање на горенаведениот начин на вегетаријанска исхрана,за жал ,ништо не сме постигнале во однос на сопственото здравје. Можеби само е постигнат етичкиот момент,а тоа е: да не се убиваат животните.
Вистинското вегетаријанство е тесно поврзано со она што ни го дава мајката природа, она што ни го дал Бог: вода, свежо овошје, свеж зеленчук, сурови јатки, сурови семки, целозрнести житарки, мешунки (легуменози), понекогаш јајца, риба.
Во мојата работа ,што трае повеќе од 15 години, јас на моите членови им подготвувам програми за здрава исхрана и ги следам на неделно ниво.Овие програми во првите три недели содржат исклучително вегетаријанска исхрана, а целта е добра детоксикација на телото.Само со вистинска вегетаријанска исхрана ,во којашто доминантна е свежата храна ,може да се чисти телото ,па полека и сигурно да се оди во правец на подобрување на здравствената состојба.
Ајде да го разгледаме историјатот на вистинското вегетаријанство. Дали е само трендили има далечни корени?
Сепак ,постојат веродостојни докази дека вегетаријанството има илјадници години стари корени и тоа од Индија. Во Европа ,вегетаријанството започнува на крајот од 6. век п.н.е .со грчкиот филозоф Питагора.
Значителен развој на вегетаријанството започнува во Англија во 18. век. Веќе во 1847 годинаво градот Рамсгејт во Англија се формира здружение на вегетаријанци кое за кратко време се проширува и во други градови ,како Манчестер, Лондон. Ова движење било толку многу во подем, па било причина за појава на дури 52 вегетаријански ресторани. Во ова здружение станал член и светски познатиот вегетаријанец и водач на мировното движење во светот– Махатма Ганди.
Многу луѓе поради религиозни, етички, здравствени и други причини се приклучуваат кон вегетаријанството.
Предностите на вистинската вегетаријанска исхрана се многубројни во однос на човековото здравје. Еден од очигледните примери се Ескимите–имаат многу краток век на живеење, бидејќи нивната храна се сведува исклучиво на месо и риба без никакво присуство на свежа вегетаријанска храна. За разлика од нив ,Тибетанците и хуните се луѓе кои се најдолговечни, бидејќи се хранат на полувегетаријански начин на исхрана.
Постојатразлични видови вегетаријанство, но јас ќе се задржам на оние најосновните.
Вегани
Ова се вистински вегетаријанци коишто ја исклучуваат комплетно храната од животинско потекло: месо, месни преработки, млеко, млечни преработки, јајца, риба, морски плодови. Тие не јадат ниту мед.Тие не носат ниту облека, чевли и аксесоари од животинско потекло. Не ја користат ниту облеката од волна.
Лактовегетаријанци
Овие вегетаријанци, покрај храната од растително потекло ,консумираат и млеко и млечни производи: сирење,кашкавал, павлака, хопла, слатки на база на млеко, шеќер, бело брашно. Јас, лично, никогаш не би се хранела на овој начин на исхрана, бидејќи го сметам за еден од најнездравите опции во исхраната. Зошто? Денес, млекото е преполно со хормони за раст, антибиотици, пестициди итн. Во последно време,кај многу деца се појавува интолеранција на млекото и млечните производи.
Оволактовегетаријанци
Покрај храната од растително потекло, тие консумираат јајца, млеко и млечни производи.
Песко-ововегетаријанци
Овде се присутни рибата и јајцата, покрај вегетаријанската храна. За сега, ова е мојот избор за најприспособлив и најздрав концепт на исхрана во услови и начин на коишто живееме.
Квазивегетаријанци
Овој вид вегетаријанци, покрај рибата и млечните призводи, во своето мени додаваат и пилешко месо, покрај растителната храна.
Сакам да ги споменам и другите видови вегетаријанство,како:
Сурови вегани
Тоа се вегани што јадат исклучиво сурова храна– термички необработена: свежо овошје, зеленчук, јатки, семиња, житарки, ‘ртени житарки, леб печен на сонце.
Фрутаријанци
Ова се вегетаријанци што јадат само овошни плодови, семки и јатки. Овој начин на исхрана за мене е екстремно радикален и не би го прифатила, а не ја гледам и целта на сето ова.
Радикални фрутаријанци
Ова ми е комплетно неприемчив начин на исхрана –да се јадат само оние овошја, јатки и семки кои што паднале на земјата.
Макробиотика
Овој вид вегетаријанство има стари корени од Далечниот Исток, но полека се шири и на други простори.
Дали вегетаријанците (посебно веганите) се доволно снабдени со протеини?
Можеби ќе се изненадите, но вегетаријанците (посебно станува збор за веганите) сосема доволно се снабдени со протеини. Постојат продукти од растително потекло што содржат комплетни протеини,а тоа се: сојата и нејзините преработки, наутот, конопените зрна, семето од чиа, алгата спирулина и псевдожитарките: киноа, елда, амарант. Кога се консумираат житарки и мешунки заедно, тогаш се добиваат повеќе комлетни протеини од оние во месото.
Дали доволно е обезбеден витаминот Б12?
Витаминот Б12 (кобаламин) е суштински важен за создавање на црвените крвни зрнца, за одржување здрав нервен систем. На дневно ниво,треба дасе внесува од 2-3 микрограма Б12. Во извори од растителна храна го има во интегралните житарки, спирулината, соините продукти, но него го произведуваат и добрите бактерии во нашите црева.
Дали доволно е обезбеден минералот железо?
Во исхраната на вегетаријанците, а посебно на веганите, нема недостиг од минералот железо. Најмногу го има во: зелениот лиснат зеленчук, зелената трева, зелената магма, семето од коприва, во алгите како спирулина, хлорела, афа алгите, во сувото овошје, црвените бобичести овошја, во јатките итн.
Дали доволно се обезбедува калциум?
Постои заблуда дека луѓето што го одбегнуваат консумирањето на млекото и млечните производи ќе имаат недостиг на калциум–минерал кој е главен градител на нашите коски. Вегетаријанците секогашсе одлично снабдени со калциум, бидејќи го консумираат од зелениот лиснат зеленчук (кељ, прокељ, спанаќ) цело зрнестите житарки, интегралниот сусам, смоквите, сончогледовото семе итн.
Во историјата, но и сега има многу значајни личности кои што на одредена возраст од својот живот се одлучиле да станат вегетаријанци. Сакам да набројам некои од нив:
Старогрчките филозофи:
Питагора, Аристотел, Платон, Сократ, потоа Ајнштајн, Да Винчи, НиколаТесла, Чарлс Дарвин,Њутон, Ганди, Кафка, Толстој итн.
Од актеритеи од пејачите,вегетаријанци што ни се добро познати се: Бред Пит, Ричард Гир, Дастин Хофман,Ким Бесинџер, Пенелопе Круз, Мадона, Пол Макартни, Бој Џорџ.
Најпознати светски имиња во спортот кои што биле вегетаријанци се: Денис Родман, Карл Луис, Џонс Вајсмилер, Мартина Навратиловаитн.
Многу интересен е фактот дека гладијаторите штосе бореле во арените со лавови (2. и 3. век пред Христос) биле типични вегетаријанци. Научници од Медицинскиот универзитет во Виена во соработка со Институтот за форензичка медицина во Берн откриваат дека гладијаторите се хранеле со намирници од растително потекло– овошје, зеленчук, житарки.
Овие факти, секако, одат во прилог на спортистите што го практикуваат вегетаријанството.
Би сакала да споменам убави мисли од големи луѓе поврзани со вегетаријанството:
Леонардо да Винчи(1452–1519)– гениј, уметник, научник: „Ќе дојде време кога луѓето на убивање на животните ќе гледаат како на убивање на луѓето.“
Томас Едисон– изумител на сијалицата, грамофонот, микрофонот: „Јас сум вегетаријанец бидејќи така можам максимално да го користам својот мозок”
Подготвила:
Цвета Динева
серт.нутри.консултант