Потребни состојки за две лица:
- 2 големи тиквички
- 1 морков
- 100/125 г сварена киноа
- 50 г пармезан
- маслиново масло, сечкан магдонос, сол
- 1 чешне лук
- малку кари, црн бибер и сол
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измијте ги тиквичките, отстранете ги краевите и исечете ги на половина по должина. Срцевината извадете ја со помош на мала лажичка и исечкајте ја на коцки.
Во тава ставете 2 лажици маслиново масло и пропржете ги морковите исечкани на коцки.
При крајот, додадете ја срцевината од тиквичките, претходно сварената киноа, магдоносот, лукчето и зачините. Ставете ги тиквичките во сад за печење и наполнете ги со смесата. Одозгора ставете го пармезанот. Нека се печат 25 минути.