ПИЛЕШКА ОБРОК-САЛАТА

ПИЛЕШКА ОБРОК-САЛАТА

Потребни состојки:

  • 250 г бело месо
  • 1 зелена салата
  • 1 главица кромид
  • неколку шери домати
  • 1 лута пиперка
  • морска сол, бибер, маслиново масло, босилек и
  • сок од 1 лимон

Подготовка:

Пилешкото месо исечете го на парчиња, доматот на четвртинки, кромидот на кругови, а лутата пиперка исечкајте ја ситно. Листовите од салата искинете ги на помали парчиња. Месото посолете го, зачинете го со бибер и испечете го на скара или во тава. Во сад за салата ставете ја зелената салата, доматот, кромидот, прелијте со маслиново масло и сок од лимон и сервирајте во чинија. Одозгора наредете ги парчињата пилешко месо и додадете ги исечканата пиперка и босилекот.