ВИТАМИНСКА САЛАТА

ВИТАМИНСКА САЛАТА

Во голема чинија се ставаат листови зелена салата. Преку неа наизменично во редови се редат:зелена зелка исечкана на ленти, потоа рендан морков и рендано цвекло. Во следниот слој се додава кромид сечкан на кругови. Најгоре се додава рукола и се декорира со шери домати. Салатата се зачинува со сол, масло и балзамиран оцет.