Со здрав начин на живеење до подобра плодност кај жените

Со здрав начин на живеење до подобра плодност кај жените

Во последните децении, еден голем проблем ги мачи многу млади, но и повозрасни жени, кои имаат желба да станат мајки. Статистиката покажува дека на овие простори, речиси во секој трет брак, младите имаат тешкотии да се реализираат како родители. „Виновникот“ за ваквата состојба е подеднаков во однос на полот.Претходно, жената беше единствениот „виновник“ за неплодниот брак, но истражувањата покажуваат дека подеднакво проблемите доаѓаат и од мaжот и од жената.

Моето лично искуство со оваа проблематика има резултати кои радуваат. Се покажа дека (ова често го кажувам на моите членови во ЦД клубот за диети) не постојат неплодни односно стерилни бракови, туку постои стерилна храна која, за жал, е секојдневие. Со позитивна промена на начинот на живеење, со почитување на природните закони кои опфаќаат здрава исхрана, добар и здрав сон, секојдневно движење во природа, помалку дружба со компјутери и паметни телефони, а повеќе дружба со позитивни луѓе, слушање убава музика, секако водење љубов – со овие промени ќе придонесеме и во намалување на стресот кој честопати е причина за ваквата состојба.

Неплодноста кај жените е конечна исклучиво кога е направена хистеректомија. Сите други причини за неплодност кај жената, со позитивните промени во животот се решаваат во догледно време.

Кои се најчестите причини за неплодност кај жените?
Хормоналниот дисбаланс, полицистични јајници, ендометриоза, непроодни јајцеводи, зголемен пролактин, зголемено ниво на инсулин, недостиг на одредени нутритиенти како железо, недостиг на фолна киселина, стресот итн.
Токму овие причини за неплодност сами си ги создаваме со несоодветен начин на живеење во кој „нездравиот“ начин на исхрана ја има главната улога.Без разлика за кои причини станува збор, треба веднаш да се работи на нивна комплетна елиминација.

Пред да почнете со инвазивни фармаколошки или хируршки интервенции, пробајте природно и безболно да го решите проблемот со позитивните промени во секојдневието.Некогаш и да е потребна таква интервенција, сепак, проследите ја со позитивните промени во животот.
Промена на животни навики
Вратете го биоритамот во нормала.Потрудете се навреме да си легнувате и наутро да му се радувате на утринското сонце.Сонот помеѓу 22.00часот и 2.00 часот ве полни со мелетонин–хормон кој, за жал, сèпомалку го имаме поради нарушениот ред на легнување.Секојдневниот недостиг на овој хормон подразбира и дисбаланс на другите хормони, како и намалено ниво на серотонин.Со самото тоа се крати времетраењето на плодните денови (лутеалната фаза), па можноста за забременување опаѓа.
Да не заборавиме дека на телото му треба секојдневно движење, секојдневен одмор со слушање убава музика, читање добра книга и секаква друга релаксирачка активност која ќе продуцира убави хормони на среќа, а со тоа се балансираат сите хормони ден за ден.


Како да се храниме?

За да го доведеме телото во добар хормонален баланс, да се воспостави редовен менструален циклус и нормални крвавења, измените во начинот на исхрана се задолжителни.

Многу е важно, во прв ред, да се исклучат од исхраната високо процесуирани храни како брза храна, пици, хамбургери, пржена храна, прости шеќери во вид на кекси, чоколади, сладоледи, густи и газирани сокови, леб  и печива од бело брашно, маргарин итн. Се подразбира дека секојдневното консумирање алкохол треба да се исклучи. 3-4 пати во неделата може да се пие добро вино со ручекот или со вечерата. За цигарите е повеќе од јасно дека треба да се збогуваме со нив. Омиленото кафе да се намали до една шољичка на ден и, ако се засладува, тоа да биде само со мед или стевиа, без млеко. Да не се пијат никакви билни чаеви, може само плодови чаеви и чај од коприва. Да не се земаат лекарства како антидепресиви, аналгетици и други без консултација со лекар.
Секој ден да се консумира најмалку 1,5 л вода без оглед на временските прилики и на ангажираноста. Водата е најголемиот детоксикатор на телото.

Покрај водата, добро е да се пијат свежо цедени сокови, свежо блендирани сокови, бидејќи со нивно пиење ќе го зголемите количеството на консумирано свежо овошје и свеж зеленчук. Хидрирајте го телото и набргу ќе ја почувствувате таа нова енергија на вашето тело. Секој ден ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се консумира свежо овошје и свеж зеленчук. Со тоа го алкализираме телото, а истовремено го снабдуваме со ензими кои значат живот за нашите клетки. Она што е неопходно за клетката, се наоѓа во трите фактори – вода, свежо овошје и свеж зеленчук.

Јадете здрави протеини од растително потекло (мешунки, јатки, семки, безглутенски житарки). Јатките (ореви, лешници, бадеми итн.) и семињата (тиква, лен, сончоглед, интегрален сусам, чиа семе итн.) се одлични извори и на есенцијални маснотии кои се од огромна важност за плодност кај жените, но и кај мажите. Здрави протеини земаме и преку јадење риба, јајца, понекогаш ако сакате и природно месо здраво приготвено. Не јадете чадена риба, чадено месо и слично.Од млечни производи, сурутката е број еден, но може умерено да се користи и кисело млеко со нормална масленост и пробиотици.Сите обезмастени кисели млека и јогурти се неприродни.Одбегнувајте сирење и кашкавал во секојдневието (знам дека ни се слабост).Тие навистина многу го закиселуваат телото.

Во моите програми за природна и здрава исхрана воведувам и одредени додатоци (суплементи) во секојдневието кои дополнително ќе го стимулираат телото да дојде во добра плодна кондиција.
Наутро, да се консумира една до две супени лажици ленено масло или, зимно време, рибино масло (омега 3). Да се пијат секое утро живи јајца од препелица (3-5), може и како овошен шејк.
Во текот на денот, да се консумира напивка од какао со додавање на една мала лажичка корен во прав – МАКА (фантастичен стимулатор на сексуалните хормони и кај двата пола).
Во текот на денот, да се консумира и напивка од спирулина со цеден сок (содржи многу нутритиенти меѓу кои и јод – кој е од голема важност за работата на тироидната жлезда, а со тоа и стимулатор на сексуалните хормони.
Во текот на денот, да се пие и напивка од органска зелена пченица со цеден сок – јас ја нарекувам оваа напивка орална инфузија – зголемувач на имунитетот.

Може дополнително да се пие и фолна киселина, аминокиселина Л-аргинин, Ц витамин. Морам да нагласам дека одредена здрава храна, во моментите кога сакаме да го подготвиме телото за бременост, треба да ја одбегнеме. Тоа е храна која го намалува нивото на естрогените. За жал, во оваа храна припаѓа зелката, брокулата, карфиолот, кељот, прокељот и друга зелкаста храна. Храната да не се чува во пластична амбалажа бидејќи содржи ксеноестрогени и други отрови. Да се одбегнува пиење вода од пластични шишиња.

Почитувајте ги дадените совети и полека,но сигурно вашето тело ќе биде подготвено за нов живот