Чоколадна торта
Состојки за филот:
200г црначоколада
3 лажици какао во прав
3 лажици шеќер
100мл вода
Сите состојки се мешаат и се топат на пареа. Откако ќе се олади смесата, се додава 250г путер и 200г шеќер во прав. Се меша до спојување на состојките. На крај се додаваат 8 жолчки и повторно се меша.
Состојки за тестото:
8 белки
100г шеќер
8 лажици презла
1/3 од филот
Белките се матат до добивање на цврст снег. Потоа се додаваат останатите состојки.
Се пече во тавче од шпорет на хартија за печење. Се сече на 3 долгнавести ленти што се редат една врз друга и секоја се премачкува со филот. На крај,целататорта од сите страни се премачкува со филот.