Пилешко во сос од домати
Потребни состојки за 4 лица:
4 парчиња пилешко бело месо
1 мала китка магдонос (или свежи зачини по желба)
1 главица кромид
3 чешниња лук
маслиново масло
120 г печурки (свежи)
2 лажици сос од домати
4 домати
100 мл бело вино
сол, црн бибер
Подготовка:
Во тава на маслиново масло ставете го месото. Откако месото ќе се запече, додадете го ситно исечканиот кромид и оставете на оган уште 5 минути. Додадете го сосот од домати, белото вино, доматите излупени и исечкани, чешнињата лук и магдоносот. Зачинете со сол и црн бибер и оставете го на оган 15 минути. По потреба, можете да додадете малку вода или вино. Настрана запржете ги печурките малку на масло и ставете ги во садот со месото. Измешајте убаво и оставете уште 5 минути.