Полнети јаболка со црвено овошје
Потребни состојки:
- 6 јаболка
- 12 бисквити
- 30 г путер, на собна температура
- 1 лажичка цимет
- 600 г мешано црвено овошје
Подготовка
Измијте ги убаво јаболкaтa и исушете ги. Исечете го горниот дел и извадете ја внатрешноста со помош на лажичка (без да се оштетат јаболкaтa).
Бисквитите иситнете ги, додадете го путерот и измешајте ги за да добиете смеса ситна како песок. Измешајте со половина од овошјето и наполнете ги јаболкaтa со оваа смеса. Ставете ги јаболкaтa во сад во кој ќе ставите 50 мл вода на дното и садот ставете го во претходно загреана рерна на 180 степени (20 или 25 минути). Кога ќе бидат печени, декорирајте ги со останатото овошје.