Салата со сино сирење

Салата со сино сирење

Потребни состојки:

–  2 кромитчиња
–  200 г спанаќ
–  2 лажици јаболков оцет
–  2 лажици мед
–  бибер, сол и маслиново масло
–  6 лажици мешани семки (сончоглед, тиква, сусам, лен)
– 150 г сино сирење

Подготовка:
Младите кромитчиња исечкајте ги, а спанаќот измијте го.
Во сад за салата, најпрвин направете го „дресингот“ со маслото, оцетот, зачините и медот.
Ставете ги кромитчињата и спанаќот. На крај, одозгора додадете ги семките и синото сирење исечкано на коцки.