Потребни состојки:
– 2 тиквички
– 25 г брашно
– 40 г рендан кашкавал
– 4 лажички песто сос
– 1 јајце
– 1 чешне лук
– сол, бибер и маслиново масло
Подготовка:
Тиквичките излупете ги и изрендајте ги. Добро процедете ја водата од тиквичките.
Во еден сад измешајте ги брашното, јајцето и тиквичките. Додадете ги чешнето лук ситно исечкано, песто сосот и кашкавалот. На крај,зачинете по желба. Со лажица ставајте во загреано масло и пржете ги додека не заруменат. Може,исто така,и да ги печете во рерна на хартија.