Колач со јагоди

Колач со јагоди

Потребни состојки:

–  250 г јагоди
–  275 г пишкоти
–  250 г маскарпоне сирење
–  2 жолчки од јајце
–  80 г шеќер во прав
–  1 ванила
–  2 лажици рум, и млеко по потреба

Подготовка:
Изматете ги жолчките, шеќерот и ванилата. Потоа, додадете го маскарпоне сирењето и мешајте додека не се добие хомогена смеса. Јагодите исечете ги на половина. Пишкотите потопете ги во млекото, измешано со рум, и редете ги на сад во два реда. На пишкотите ставете од кремот со маскарпоне и над кремот ставете јагоди. Над јагодите додадете го кремот и завршете со пишкотите. На крај, врз пишкотите наросете шеќер во прав. Ставете го колачот на ладно.