Потребни состојки
· ½ краставица
· 1 шолја спанаќ
· 1 јаболко
· 1 лажица мед
· малку ѓимбир
· 1 шолја вода
Сите намирници кои се користат за подготовка пожелно е да бидат исецкани на мали парчиња со големина од 1 центиметар, кои потоа се блендираат на што поголема брзина со цел подобро да се соединат и создадат пена. На крајот ја додавате водата со која ја одредувате и густината на напитокот. Идеален за освежување за ова лето.