Потребни состојки ( за двајца)
200 г тестенини
400 г спанаќ
2 пилешки копани
1чешне лук
маслиново масло
сол и зачини
Подготовка
Најпрвин пилешкото месо се вари , се сецка на парченца и се пропржува на маслиново масло со лукчето и зачините се додека не зарумени.
Во меѓувреме обарете го спанаќот , претходно добро измиен и процедете го. Сварете ги и тестенините.
Измешајте го пилешкото и спанаќот и со вака добиената смеса прелијте ги сварените и процедени тестенин.
Нарендајте пармезан по желба.