Торта со моркови

Торта со моркови

Потребни состојки:

– 180 гр кафеав шеќер
– 4 јајца
– 120 гр брашно
– 1/2 пециво
– малку сол
– 50 гр путер
– 1 лажичка цимет
– малку ѓумбир во прав
– 300 гр рендани моркови
– 125 гр јатки по желба (ореви, бадеми, лешници)

За кремот:
– 250 гр маскарпоне
– малку шеќер во прав
– малку сок од лимон

Подготовка
Изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете го брашното, пецивото, солта и зачините и сèдобро измешајте. Растопениот путер, јатките и морковите додадете ги во смесата и ставете ја во подмачкан калап. Нека се пече во загреана рерна на 180 степени околу 60 минути. Состојките за кремот добро измешајте ги и убаво ставете ја врз испечениот колач.