Чорба од пилешко месо со зеленчук

Чорба од пилешко месо со зеленчук

Состојки:

150 г бело пилешко месо
1 главица кромид
1 морков (средна големина)
1 поголем компир
бибер, сол, магдонос

Подготовка:
Сварете го месото. Одвоено пропржете го кромидот, додадете ги морковот и компирот исечкани на коцки. Во оваа смеса додадете го вареното месо, исто така исечкано на коцки, и прелијте со водата во кое се варело месото. Сè заедно варете околу 15 минути. На крајот, додадете сечкан магдонос.