Бела чорба со зеленчук

Бела чорба со зеленчук

Бела чорба со зеленчук
Потребни состојки:
1 главица кромид
2 моркова
150 г компир
150 г грашок
магдонос
1 павлака
сол, бибер, зачин, масло

Подготовка:
Кромидот исечкајте го ситно и пропржете го на масло. Додадете го останатиот зеленчук, исто така исечкан (освен магдоносот), пропржете кратко и додадете вода. Варете околу 15 минути. Изматете ја павлаката со малку вода или со млеко, додадете ја во чорбата и варете уште дополнителни минута или две. На крајот, додадете го магдоносот.
Доколку сакате, 5 минути пред крај може да додадете и ситни цветчиња од карфиол или брокола за дополнителни вкус и боја.