ТАРТ СО ПРАСКИ

ТАРТ СО ПРАСКИ

Состојки
– 8 праски
– 2 лажици шеќер
– 2 лашици мелени бадеми
– 200 гр путер (омекнат)
– малку сол и шеќер
– брашно по потреба

Подготовка
Загрејте ја рерната на 150 степени. За тестото, измешајте го путерот со шеќерот и малку сол, ставете брашно по потреба. Тестото малку оставете го во фрижидер. Измијте ги праските и исечете ги на 6 или 8 делови. Тестото ставете го во тава за тарт, убаво израмнете ги краевите. Исечените праски ставете ги врз тестото, и наросете со малку шеќер и мелени бадеми. Ставете да се пече 35 минути.