Состојки
– 500 гр боранија зелена
– 6 млади компирчиња
– 1 кромид
– 3 домати
– 2 жолчки сварени
– масло, оцет, сол, бибер, ситно сецкан магдонос
Подготовка
Боранијата исецкајте ја на половина, ако е долга, компирите исецкајте ги на кругчиња, и потоа ставете ги да се сварат малку. Измијте ги доматите и кромидот и исецкајте ги. Измешајте ги во сад за салата сите состојки, додадете масло и оцет, и зачинете. Одозгора ставете ги исецканите жолчки и магданосот.